Home » , , » Арон Афлало со правите зборови на влезната врата на Орландо

Арон Афлало со правите зборови на влезната врата на Орландо

Written By Dragan on 17.8.12 | 16:36

Ова ќе претставува долга и тешка година за Арон Афлало и неговите соиграчи од Орландо. Екипата не го ветува она што го имаат во план управниот одбор на Меџик. Па затоа тие свртија поглед кон послаба сезона и поголем пик на драфтот за наредна година.

Но, сепак Афлало е еден од играчите кој гарантира светла иднина на тимот и се претпоставува дека ќе биде еден лидерите во тимот. Неговиот просек од минатата сезона каде што постигна 15.2 поени по натпревар е еден од фактите кои го посочуваат како лидер.

На прес - конференцијата која се одржа во четврток (16 август), тој говореше за неговата улога околу мега трејдот, во кој главен актер беше Двајт Хауард, и напомена дека се гледа како ветерански лидер во подмладениот тим на Орландо. Еве што поточно тој изјави :

„Промените секогаш носат мистерии, сомнежи и двоумења, но позитивно гледано исто така носи шанси. Мислам дека ова е правиот момент каде што тимот ќе се обиде да изгради нешто посебно, конкурентно и ново.“ - рече Афлало.
„Идејата е да се специфицира начинот на кои ние ќе и пристапиме на играта. И напорно тренирање. Јас можам гордо да кажам дека ја изградив мојата кариера благодарение на таа карактеристика. Само на тој начин и со таа филозофија можеме да се воздигнеме од дното до самиот врв и да го одржуваме тоа ниво, таа константност.” - додаде Арон Афлало.

Афлало е дефинитивно човекот кој може да се носи со приматот лидер. Поседува се што се бара кај еден лидер, играч кој знае добра одбрана и умее да го погоди обрачот надвор од полето за 2. Тој и Џамир Нелсон заедно ќе ја сносат одговорноста за поентирањето и лидерството во тимот. Афлало звучеше како искусен ветеран на пресот. Останува да видиме како тоа ќе го произнесе на теренот.

0 comments:

Post a Comment