![](http://sportsweeksportslist.files.wordpress.com/2011/05/bill-russell-has-11-rings-with-the-boston-celtics.jpg)
![](http://vurbmoto.com/media/uploads/articles/2009/20090430_stewartvsrees/chamberlinrussell.jpg)
Расел беше повеќе од блокер, шутер и скокач.Беше роден победник.Во својата 13 годишна кариера како НБА играч, ги водеше Бостон до 11 титули, а 8 од тие 11 беа по ред.Исто така, Расел беше добар и како тренер освои две титули.Покрај 11те прстени, Расел освои 5 МВП награди и руки на годината.Еднаш Вилт имаше просеци од 50 поени и 25 скока, но Расел беше МВП поради посветеноста кон тимот.
![](http://sportsthenandnow.com/wp/wp-content/uploads/2011/10/Bill-Russell-USF-1955.jpg)
Луѓето го критикуваат Расел поради тоа што не бил поентер.Сигурно дека не ја водел лигата во поени, но во просеци бележи 15.1 поен по натпревар во кариерата.Тоа не е некоја супериорна бројка, но сепак не е лоша.Расел имаше многу соиграчи кој можеја да постигнат поен.Низ неговата кариера во тимот ги има имано Сем Џонс, Џон Хавличек, Том Хеинсон и Бајли Ховел.Па со овие соиграчи не треба да сте некој поентер, иако сте лидер во тимот.Да беше поентер Расел би имал +20 поени по натпревар во кариерата.Сепак не бил ниту лош ниту добар поентер, можеме да кажеме дека е солиден.Во сезоната 1958/59, Расел беше втор во НБА во шутот од поле, шутирајќи .457.Легендарниот центар исто така беше добар пасер.Во неговата кариера бележни 4.3 асистенции, а во 1966/67, Расел имаше просек од 5.8 асистенции по натпревар.Расел има просек на повеќе асистенции од Карем Абдул Џабар, Шекил О’Нил, Тим Данкан, Кевин Гарнет и Карл Малоун.Во НБА историјата не се родил подобар лидер од Расел кој стапнал на паркетот.
![](http://cdn.bleacherreport.net/images_root/images/photos/001/013/489/History_summary_russell_crop_340x234.jpg?1282593178)
Бил беше одличен играч.Во плејофот играше за тимот, секоја година ги подобруваше своите статистики во скокови, асистенции, поени, дури и процентот на слободни фрлања.Една година, во 1960/61 плејофот, Бил имаше неверојатен просек од 29.9 скока по натпревар.Рекордот стои и ден денес.Расел исто така се подобруваше и во поените.Во неговата плејоф кариера има просек од 16.2 поени по натпревар, што е за 1.1 поен повеќе од кариерата.Овде нема поголем просек, но во сезоната 1961/62 Бил бележеше по 22.4 поени по натпревар, додека во регуларната сезона 16.9 поени.Следната сезона бележеше нешто повеќе од 20 поени по натпревар во плејофот, но има голема разлика од регуларната сезона до плејофот кога се во прашање поените.Гледајќи вака Расел е еден од најдобрите играчи во НБА историјата, и тој ќе биде запаметен како најголемиот победник во НБА лигата.
![](http://mit.zenfs.com/207/2011/05/88164254.jpg)
![](http://coacheshotseat.com/coacheshotseatblog/wp-content/uploads/2011/03/BillRussell2.jpg)
0 comments:
Post a Comment