Home » , , » Кои се најдобрите леваци во историјата на НБА лигата ?

Кои се најдобрите леваци во историјата на НБА лигата ?

Written By Dragan on 18.8.12 | 14:24

Во НБА, играчите кои играат со левата рака како главно оружје, имаат голема предност со оглед на тоа дека има повеќе играчи кои играат со десна рака, а тоа им ја прави дефанзивната задача потешка за одбрана на леваците. Морате да очекувате различни потези на левација, во постот, при шут, при друблинг, итн...

Со поглед кон историјата наназад низ годините во НБА лигата, имаше многу леваци. Ние се одлучивме да направиме листа од топ 3 играчи во историјата на НБА, кои биле најдобри играчи со левата рака.

3. Дејвид Робинсон
"Адмиралот" во рекетот на Сан Антонио Спарс е уште еден центар - левак во историјата на левците, кој со својата лева рака реализираше 51% од своите шутеви низ кариерата, имаше просек од 10.6 скока и 3 блока по натпревар. Исто така, освои и 2 НБА прстени, една МВП награда и 10 Ол-Стар настапи. 



2. Вилис Рид
Уште еден легендарен центар од сосема друга ера на НБА кошарката, творец на шампионскиот прстен на Никс од 1972 година. Рид имаше просек од 18.7 поени и 12.9 скока по натпревар во својата кариера. Тој беше единствениот центар кој работеше во рекетот благодарение на својата физичка основа, а беше и недопирлив во нискиот пост во крајот на 60' и почетокот на 70' години. Седум пати Ол-Стар, МВП, 2 пати МВП на НБА Финалиња, Руки на годината и играч кој навистина заслужува да биде на оваа листа. 



1. Бил Расел
Центар - легенда на Бостон Селтикс, човек кој сигурно одиграл најдобра кошарка во НБА историјата со својата лева рака, нормално во таа конкуренција. Како и да е, Расел може да ви покаже прстени на двете раце, покрај левата и на десната, а и плус еден прстен. 
Значи, 11 прстени, 12 Ол - Стар настапи и 5 МВП признанија. Бил остана играч познат по заштитувањето на кошот, односно познат како најдобриот блокер во историјата на НБА. Покрај својата дефанзива, постигнуваше по 15.1 поени по натпревар во својата кариера. Тој е исто така и дел од 50-те најдобри играчи на сите времиња.


Ако сакате да ја погледнете листата на топ 10 најдобри леваци во историјата, кликнете на овој линк .... има и плејмејкери и бекови.

0 comments:

Post a Comment