Физичките способности на ЏаВејл МекГи никогаш не биле под знал прашалник. Во 2010 доби шанса за да појде со тимот на САД на светскиот шампионат во Турција, а на тренинзите, момците со кои МекГи работеше шепотеа за неговите физички предиспозиции.
Но, МекГи не успеа да влезе во тимот на САД. И покрај целиот потенцијал во него, Визардс не го сакаа во Вашинтон и го трејдуваа во Денвер Нагетс. Факт е дека МекГи никогаш не ги доживеа височините со помош на предиспозициите кои му се подарени.
Моментално, МекГи сака да ги искористи повеќе своите потенцијали работејќи со hall-of-fame центарот Хаким Олајџувон.
Еве што кажа поранешниот центар на Хјустон Рокетс :
„Бессомнително. Го гледам ЏаВејл како следна ѕвезда во лигата. Дечкото може да доминира во лигата“ - изјави Олајџувон.
„Тој има неверојатен талент. Јас му ги покажав моите потези во нискиот пост, а сега останува на него со неговите предиспозици полесно да финишира на обачот. Сега останува да му се покаже како да ги искористи тие потези, за да дојде до следната фаза во неговата НБА кариера.“ - додаде Хаким Олајџувон.Сега, останува да видиме дали МекГи -- дечкото кој толку често го гледавме на Shaq'tin-a-fool, да ги покаже на теренот потезите од еден маестро како Хаким Олајџувон. Па зошто и да не успее ? Има одличен тренер во Џорџ Карл, кој ќе го стави во добра ситуација за да успее. Може да се каже дека ова ќе биде најсветлата сезона во кариерата на ЏаВејл.
0 comments:
Post a Comment