Роберт Периш

Written By Unknown on 30.8.12 | 20:32

ScreenShot2013-08-07at2.04.43PM_crop_exact
Легендата на Бостон Селтикси, Роберт Периш, денес на 30 август го слави својот 60 роденден, и денес ќе ви ја претставиме неговата биографија и ќе ве потсетиме на неговата кариера во која заслужи место во најдобрите играчи на Селтикси на сите времиња.



Роберт Периш: “Мојте бројки? Никогаш не ме интересираа. Единствени бројки кој ги гледав беа тие на семафорот. На крајот на натпреварот. Ако тие беа добри, тогаш лесно заборавав што се случува на паркетот. Не е важно колку пату сум скоклам или колку пати сум поентирал, туку е важна победата“



Денес никој не го гледа на својата листа на 10 најдобри центари на сите времиња. Некој друг би ги погледнал своите бројки низ кариерата и би бил задоволен од нив. Периш две децении беше одличен НБА центар. Никогаш не играше сам. Легендарниот Вилт Чемберлејн рече :“Иако сите зборуваат за Џабар и Малоун, за мене најдобар центар во 80' беше Периш“.


ПОЧЕТОК СО РИК БЕРИ

Како 8 пик на драфтот во 1976 година го избраа Голден Стејт Вориорси. Фактот дека играше далеку од очите во јавноста на казнетите Кентанураи школата, му наштети неговиот драфт статус да падне под статустот на играчот Адриан Данти .Првата сезона му беше резерва на Кирфорд Реј, а тимот предводен од легендарниот Рик Бери стигна до полуфиналето на Западот.

Две години покасно Периш се наоѓа во првата петорка со просеци од 17.2 поени, 12.1 скок и 2.9 блока. Но Бери е во Хјустон, а Вориорс се далеку од плејофот .Следната година го предводи тимот во поени, скока и блокови. Во 1980 година Селтикси го губат финалето на Истокот од Сиксерси. Им недостасуваше висина под обрачот, Дејв Ковенс и Кердик Максвел (203 цм) тешко се носеја со Дерлим Давиксон и Калдев Јонсон (211 цм)

Бостон таа измината сезона доби прв пик на драфтот и сите очекуваа дека ќе го изберат центарот Џо Бери Керол, но сјајниот Ред Оербах направи уште еден генијален потег. Ги трејдуваше 1 и 13 пик на драфтот за Роберт Периш и 3тиот пик за кој се одлучи да го земе Кевин МекЕјл. Периш требаше да му биде резерва на Дејв Ковенс, но само неколку дена пред почетокот на сезоната, Ковенс најави дека ќе се пензионира и Периш упадна во првата петторка со Нејт Архиналд, Крис Форд, Лери Брд и Кедрик Максвел.

ПРВА СЕЗОНА ВО СЕЛТИКСИ И ВЕДНАШ ТИТУЛА

За доаѓањето во Селтикси Периш рече: “Доаѓањето во Селтикси е најдоброто нешто што можеше да ми се случи. Признавам во Вориорс бев тежок и како личност и како играч. Но, со доаѓањето во тим кој е толку добар, имаме само една цел, освојувањето на титулата.“

Роберт одлично се снајде во новиот тим. Беше втор стрелец и втор скокач, одма после Брд кој веќе во првата сезона ја освои титулата. Година дена покасно Периш беше во втората петторка на лигата. Во наредните години стапува големото ривалство помеѓу Бостон и Лејкерс, златната доба во 80'. Периш е редовен на Ол Стар натпреварите и е меѓу најдобрите скокачи и блокери во лигата. Беше многу брз за еден центар, еден од првите кој ги почнуваа контрите и ги завршуваа со забивање. Поседуваше одличен шут од надвор, а и во одбрана беше толку добар, како и во позиција еден на еден.

Со Кевин МекЕјл и со Лери Брд го сочинуваше Големото Трио, најдобрата тројка на високи играчи во која некогаш заиграла во НБА лигата. Лери беше одличен шутер и совршен асистент и кога тие играа Пик енд Ролот беше празник за очите. Ако чуварот на Периш не го преземеше Брд, Лери одма шутираше. Ако излезеше, Периш би направил ролинг и по Бирдовото додавање следеше одично забивање. Никогаш во историјата на НБА лигата едно крило и еден центар не соработувале толку добро.

Беше голем борец, чие лице не оддаваше никакви емоции, како да е од камен .Максвел еднаш му даде надимак кој го прати низ целата кариера, Поглавица по ликот на Индијанецот од кутниот филт “Лет на кукавичкото гнездо“. Во 1984 ја освојува втората титула по што во финалето неверојатно во едно изедначено финале паѓаат Лејкерси. Кога беше здрава петторката Денис Џонсон, Дени Ејнџ, Лери Бирд, Кевин МекЕјл и Роберт Периш беа најдобри. На клупата имаа двајца Ол Стар играчи Бил Волтон и Скот Ведмен, а и два сјајни бекови Џери Сиктинг и Сем Винсет. Прошетаа по лигата и ја освоија 16тата тиула, а во Бостон добија 50 од 51 натпревари.

“Кога денес ќе се сетам на тие времиња, не можам да верувам колку бевме добри. Ги уништувавме противниците“вели Периш.



Година дена покасно ги погоди страшна несреќа. Прво на забава се предозира и умре рукито Лен Биас, играчот за кој се предвидуваше дека ќе го стигне Џордан, а следеја повредите на Ејнџ, Видмен и Волтон. Но, за Периш времето како да беше застанало. Против Пистонси ја одигра утакмицата во кариерата - 34 поени, 19 скока, 9 асистенции и 5 блока. Против Филаделфија го оствари првиот и единствен трипл-дабл во кариерата. Селтикси некако стигнаа до финалето на Истокот каде ги чекаа Бед Бојси.

 

НОКАУТОТ ВРЗ БИЛ ЛАИМБЕР

Тимот на Детроит во втората половина на 80' години беа викани Бед Бојси. А најлош од тие момци беше секако центарот Бил Лаимбер. Финалето на Истокот во 1987 година доведе до двобој на повредените и измачени ветерани од Бостон и тимот на Детроит. По резултат 2-2, во петтиот натпревар Периш за прв пат во својата кариера изгуби малку нерви. “Бил ми го удри лактот, што е во ред. И јас удирав многу лактови во кариерата. Еден па уште еден.Му реков да внимава што прави, а тој ми врати дека зборувам глупости. Не издржав“- признава Периш.

Изнервираниот Периш со 4 удари го падна Лаимбер на паркетот. Публиката подиве од среќа, а судиите не ни ја запреја играта. Не видоја, или подобро речено не сакаа да видат ништо. Лаимбер го доби тоа што го бараше. Периш е казнет со натпревар не играње и 8 илјади долари. По натпреварот Брд кој имаше незавршена работа со Бил рече: “Тоа беше едно од подобрите работи во историјата на цивилизацијата.“ Новините во Бостон беа едногласни:“Правдата е задоволена“. Селтикси некако во 7 натпревари ги исфрлаат Пистонси, но во финалето Лејкерси беа прејаки.

И тука полека почнува падот на Селтикси. Повредите секоја година земаат поголем залак. Прво Волтон, па Џонсон, па Брд и МекЕЈл. Но најстариот меѓу нив се покажа како најиздржлив. Кога во сезоната 1988/89 Селтикси останаа без Бирд, Периш со 35 години беше 2 скокач на лигата и беше во третата петторка на лигата. Покажа дека е голем играч и без Брд. Во Бостон одигрува уште 5 одлични сезони, а последната со Дино Раџа кој вели :

 
“Поглавицата е генијалец.Се може и се знае.Има 40 години, а во една акција 3 пати го блокираше младиот Алонзо Морнинг.Надвор од теренот е голем кавгаџија, но кога почнува натпреварот е голем професионалец.“

 

Во последниот натпревар од сезоната ги уништува Булси. Тие требаа да победат за да бидат први во Истокот. Иако, за Селтикси тој натпревар не значеше, победија по две продолженија со 104-94. Ди Браун беше најефикасен со 40 поени, но играч на одлука беше Периш кој во второто продолжение ги надвиси Булси.

По 14 години во зелениот дрес потпишува за Хорнетси. Таму беше резерва и ментор на Морнинг.
“Кога отидов во Хорнетси, сакав да му помогнам на Алонзо и да играм 15-20 минути. Тоа ми е доволно. Кога целата кариера се туркате со типови како Пет Јуинг, вашето тело осеќа разлика од 15 и 30 минути игра.“ - вели Роберт.

На 6ти април 1996 го одигрува својот 1561 натпревар, срушувајќи го рекордот на Карем Абдул Џабар. Во победата против Кавси постигна 14 поени, 9 скока, 4 асистенции и 3 блока. Во 43 година од животот!

 

КРАЈ ПОКРАЈ ЏОРДАН

По две сезони во Хорнетси кариерата ја завршува покрај Џордан и Пипен. Таа сезона Булси ја освојуваат титулата, а Периш го освојува 4. прстен. Избран е за еден од најдобрите 50 играчи на сите времиња, а неговиот дрес со број 00 е повлечен од Бостон.

Се пензионира со 1611 одиграни натпревари. Се бореше со центри од Џабар до Шекил О’Нил. Ја откри и тајната за своето тело:

 

“Карате и јога. Секој ден. Бев добар кон моето тело и тоа ми овозможи 25 години играње одлична кошарка“



По пензионирањето едно време беше и тренер во УСБЛ лигата. Денес работи како специјален советник во своите Селтикси. Голема желба има да стане главен тренер во НБА лигата. Се надеваме дека таа желба ќе му се исполни.

Бившиот играч и денешен ГМ на Селтикси Дени Ејнџ вели :
“Периш беше ултимативен тимски играч. Ги имавме Брд и МекЕјл па често го занемарувавме. Во некој друг тим можеше да има по 25 поени и 15 скока по натпревар. Но тоа не го интересираше. Кога ни требаше беше секоаш тука. Никогаш не коментираше ако тренерот го седнеше на клупата. Знаевме 4-5 натпревари да го игнорираме, а следниот натпревар веќе да растура. Ќе постигнеше 25 поени и ќе се правеше како ништо да не се случило.“

 

ЛИЧЕН КАРТОН :
ИМЕ : РОБЕРТ
ПРЕЗИМЕ : ПЕРИШ
РОДЕН : 30 АВГУСТ 1953
НАДИМАК : ПОГЛАВИЦА
ПОЗИЦИЈА : ЦЕНТАР
ВИСИНА/ТЕЖИНА : 213 ЦМ/113 КГ
СРЕДНО ШКОЛО : ВУДЛВАН
ФАКУЛТЕТ : КЕНТАРИ КОЛЕЏ (ЛУИСАНА)
ДРАФТ : 8 ПИК 1976 ИЗБРАН ОД ВОРИОРСИ

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:
НЦАА ПРВА ПЕТТОРКА: 1976
НБА ТИТУЛИ: 4 (1981., 1984., 1986., 1997.)
НБА ВТОРА ПЕТТОРКА: (1982.)
НБА ТРЕТА ПЕТТОРКА: (1989.)
НБА ОЛ СТАР: (1981., 1982., 1983., 1984., 1985., 1986., 1987., 1990., 1991.)
НБА ТОП 50: 1996.
Hall-of-Fame: 2003.

0 comments:

Post a Comment