Home » , » Грент Хил : Никој од Дрим Тимот III не сакаше допинг-тест

Грент Хил : Никој од Дрим Тимот III не сакаше допинг-тест

Written By Anonymous on 27.7.12 | 21:23



На ОИ во Атланта во 1996 година настапи третиот Дрим Тим, по квалитетн нешто послаб од оригиналниот од Барселона четири години порано.


Тој тим го предводеја пет ветерани : Чарлс Баркли, Карл Мелоун, Скоти Пипен, Дејвид Робинсон и Џон Стоктон.

Тука исто така беа и двата најдобри центри во тие години Хакем Олуџавон и Шекил О’Нил, но и двајцата најголеми млади ѕвезди во лигата Анфени Хардавеј и Грент Хил.

Моментално активниот кошаркар Хил (38), гостувајќи во една ТВ емисија, ја откри тајната за наверојатната себичност во тимот на Лени Вилс, кој пред својата публика го одбрани златото од Барселона.

“Никој во тимот не сакаше да заврши како најдобар стрелец, бидејќи токму најдобриот стрелец од тамошната антидопинска организација, барем на кошаркарскиот турнир беше воден на допинг-контрола.Тоа значеше два изгубени саати од денот.Сите се грозевме од тоа.“

“Освен тоа, ако денес ги погледате акциите во завршната фаза во Атланта, немојте да се чудите зошто бевме несебичи и зошто ја додававме топката, наместо да ги завршуваме акциите.“ - низ смеа кажа новиот играч на ЛА Клиперс.





0 comments:

Post a Comment