Home » , » Победници и губитници на трејдот на Хауард во Лејкерс со 4 тима

Победници и губитници на трејдот на Хауард во Лејкерс со 4 тима

Written By Dragan on 10.8.12 | 16:24

Ова утро (10.08.2012), бевме сведоци на еден долгоочекуван трејд, во кој главната улога ја има Двајт Хауард и неговото селење во ЛА Лејкерс. За ова да се случи, мораше да бидат вклучени 4 тима, меѓу кои освен Орландо Меџик и ЛА Лејкерс, се најдоа и Филаделфија СевентиСиксерс и Денвер Нагетс.

Двајт Хауард е испратен во ЛА Лејкерс, Андре Игуадала е испратен во Денвер Нагетс, Ендру Бајнам и Џејсон Ричардсон ќе играат за Филаделфија, додека Арон Афлало, Ал Харингтон, Никола Вучевиќ и Морис Харклес се селат во Орландо. Меџик добива исто така и по еден пик од првата рунда од сите 3 тима.

ПОБЕДНИЦИ:

1. Лос Анџелес Лејкерс
Лејкерс се навистина најголеми победници во овој трејд. Успеаа да го добијат Двајт Хауард, кој толку многу го посакуваа. За да го добијат "Супермен", тие од тимот одвоија само еден играч  - Ендру Бајнам.
Со Двајт Хауард во златно - жолтиот дрес, Лејкерс стануваат можеби најдобриот тим во НБА за наредната сезона, а бессомнително ја имаат најдобрата стартна петорка : Стив Неш, Коби Брајант, Мета Ворлд Пис, Пау Гасол и Двајт Хауард. 
Лејкерси сега добиваат играч најдобар на својата позиција во Двајт Хауард, а тој би требало добро да се вклопи во т.н. "Princeton" офанзивна тактика, а плејмејкер како Стив Неш исто така ќе му биде од голема помош во pick-and-roll офанзивната.

2. Андре Игуадала
Андре Игуадала е преселен во Денвер Нагетс, каде што ќе добие позиција на ѕвезда и предводник во тимот на Џорџ Карл. Нема да биде главна поентерска опција во тимот на Денвер, нешто што беше во Филаделфија, но ќе има значајна улога позади Тај Лосон и Данило Галинари.
Игуадала ќе игра со плејмејкер како Тај Лосон и центри како ЏаВејл МекГи и Кенет Фарид, што значи дека ќе добива многу шанси во контра - напад по блок или дефанзивен скок. 

3. НБА фановите
Фановите на најдобрата кошаркарска лига во светот ќе добијат уште еден тим од калибарот на Мајами Хит и Оклахома Сити Тандер, во Лос Анџелес.
Сите знаеме дека Хауард може лесно да дојде до обрачот и да изнуди силно забивање, а сега со помош на Стив Неш како плејмејкер, работата ќе стане многу полесна за него.
Како што имаат доста фанови, ЛА Лејкерс ќе го полнат уште повеќе Стејплс Центарот.


ГУБИТНИЦИ: 

1. Орландо Меџик
Дали ова навистина беше најдобриот потег што можеше Роб Хенинген да го направи за Орландо Меџик ?
Хенинген не ги донесе Пау Гасол, Брук Лопез и Ендру Бајнам, бидејќи сакаше да извлече нешто повеќе. Тоа "повеќе" би требало да значи донесување на Афлало и Харингтон. 
Сите очекуваа добивање на барем една ѕвезда во тимот на Орландо во замена за Хауард, но ова е нешто што никој фан на Орландо не го посакуваше.

2. Филаделфија СевентиСиксерс
Филаделфија го изгуби најдобриот играч на нивниот ростер во Андре Игуадала, но конечно добиваат доминантен центар, т.е. вториот најдобар центар во НБА лигата, кој што ќе може да се справува во нискиот пост.
На крајот на краевите, тие успеваат да го заменат Квоми Браун во стартната петорка на центарската позиција.
Овој тим на Филаделфија, тешко дека ќе извади нешто повеќе од минатата сезона, но со уште некој играч во иднината може веднаш да прераснат во тим што е претендер за титулата.
Но, колку и да е добар Бајнам, самиот тој изјави дека нема да потпише продолжување на договорот со било кој друг тим освен со Лејкерс. Па ... сега или никогаш за Сиксерс.

3. Мајами Хит
Само што кошаркарсиот свет се навикна гледајќија доминацијата на ЛеБрон Џејмс и Мајами Хит, веднаш ќе мора да го сменат своето мислење.
Шансите за Мајами Хит да освојат втора круна по ред значително се намалија, со оглед на тоа дека  имаме посилни Оклахома Сити Тандер, а исто така и ново - формирани Лос Анџелес Лејкерс. За Џејмс да ја освои втората круна едно-по-друго во својата кариера, ќе мора да мине низ рекетот на Двајт Хауард.

0 comments:

Post a Comment