Home » , » Мемфис Гризлис ќе одиграат пред - сезонски натпревар со Реал Мадрид

Мемфис Гризлис ќе одиграат пред - сезонски натпревар со Реал Мадрид

Written By Dragan on 9.8.12 | 14:47

Иако многумина од нас Реал Мадрид го знаат по фудбалскиот свет, по кралсиот клуб на Кристијано Роналдо и Кака, ќе се навикнеме на тоа и дека постои пославен кошаркарски тим во Мадрид.

Реал Мадрид, тим кој е подновен со екс - НБА кошаркарот Руди Фернандез, ќе се сретне со Мемфис Гризлис во Тенеси, САД.

Ова е повеќе како презентација на Европската кошарка во Америка, бидејќи натпреварот ќе се одигра во САД. Но како и да е, Стерн испрати доста тимови само оваа пред - сезона во Европа и Азија, а тоа стана и традиција веќе 10 години наназад. Реал Мадрид ќе игра оваа година, додека уште еден пославен тим од Шпанија - Барселона, играше минатата година. 

Натпреварот ќе се одигра на 6. Октомври, во ФедЕкс Форумот во Мемфис.


0 comments:

Post a Comment