Home » , » Мајк ДиАнтони :“Не требаше да заминам во Њу Јорк“

Мајк ДиАнтони :“Не требаше да заминам во Њу Јорк“

Written By Anonymous on 29.11.12 | 19:05


ДиАнтони кој е творецот на нападите од “7 или помалку секунди”, и кој заедно со Стив Неш се обидуваше да направи Санси да поентираат уште во првите 7 секунди од нападот додека противникот уште ја нема поставена својата одбрана, колку и да е ценет за стилот што го воведе и кој го применува сепак се уште ни тој ни Неш немаат шампионски прстен, а токму тоа е она кое и двајцата го посакуваат.

“Не требаше да заминам во Њу Јорк, требаше да останам во Феникс и да се борам за тој шампионски прстен. Тренирав играч како Неш, а таква шанса не се добива многу често и затоа се каам што не успеав да освојам ниту една титула додека бевмо заедно во Санси. Мислам дека двајцата бевме исфрустрирани, толку бевме блиску а сепак толку далеку, иако мислам дека сосема заслуживме една титула. Можеби и не бевме толку добри за да бидеме шампиони и тоа мора да го признаеме. Можеби одлуката да заминам ја донесов во погрешен момент, во момент на разочараност, фрустрација и нервоза,и затоа тоа е само моја грешка.”-изјави ДиАнтони.

Мора да се признае дека на неколку пати беа доста блиску до големото финалето, сепак се секогаш се случуваше нешто, како на пример суспензиите на Стадемаер и на Диао, повредата на лицето на Џо Џонсон, неверојатната тројка на Данкан и ред други работи кои ги спречија во намерата да бидат шампиони.

Факт е дека ДиАнтони ја донесе правилната одлука со напуштањето на Феникс, затоа што доведувањето на Шек во тимот и начинот на менаџирање на тимот од страна на Стив Кер беа сосема спротивни со стилот и методот на работа на ДиАнтони. Што се однесува пак до Никси, ДиАнтони се обиде да направи тим кој ќе се бори за титула преку трампи и разни трејдови но му фалеа уште неколку коцки од сложувалки за да има комплетен тим, но затоа не може да се игнорира фактот дека она што се Никси оваа година во голема мера се негова заслуга.

0 comments:

Post a Comment