Home » , » Никси владеат на Истиокот, го разбија тимот на Хит без Мело

Никси владеат на Истиокот, го разбија тимот на Хит без Мело

Written By Anonymous on 7.12.12 | 11:02



Тимот на Њу Јорк Никси го победија тимот на Мајами Хит на Флорида со 112-92 во еден од двата меча кој се одиграни вчера вечер.

Успехот на Никси веќе добива значење кога ќе се земе во обзир дека играа без најдобриот играч Кармело Ентони кој има повреда на прстот.

Рејмонд Фелтон ја презеде одговорноста, имаше рекорд оваа сезона со 27 поени, а Никси во целиот натпревар даде дури 18 тројки.

“Беше забавно. Целиот натпревар беше забавен. Сите допринесоја за победа денеска. Секако ова е неверојатно. Одигравме сјајен натпревар без нашата прва ѕвезда.“ - вели Фелтон.

Стив Новак имаше 18 поени, Џ.Р Смит и Тајсон Чендлер додадоја по 13 за Никси кој го добиваат својот 5ти натпревар по ред и сега имаат скор од 14-4 и се на врвот на Истокот. Мајами го запиша 5тиот пораз оваа сезона. Шампионите добро се држеа во првото полувреме кога беше нерешен резултатот, но во продолжението имаа само 39 поени. ЛеБрон Џејмс имаше 31 поен, 10 скока и 9 асистенции, Двејн Вејд додаде 13, а Бош 12.

Во другиот натпревар Далас го совлада Феникс во Аризона со 97-94. Мејо даде 23 поени вклучувајќи и кошот кој на 23 секунди до крајот го одлучи победникот. По 16 поени имаа Брендан Рајт и Дарен Колисон, 15 додаде Кејмен со 7 скока, а 10 даде Шон Мерион.

На Феникс не му помогна и сјајната партија на Маркиф Морис кој имаше 15 поени и 17 скока, 15 даде Горан Драгич, 13 имаше Луис Скола, а 11 имаа Шенон Браун и Џеред Дадли.

0 comments:

Post a Comment