Home » , » Ентони Паркер станува скаут на Орландо

Ентони Паркер станува скаут на Орландо

Written By Anonymous on 18.8.12 | 20:16



По 9 сезони во НБА лигата и 6 во Израел, американскиот кошаркар Ентони Паркер одлучи да проба во скаутирањето.

Паркер (37) во јуни оваа година ја заврши својата кариера како член на Кливленд Кавалирси.По еден и пол месец покасно Паркер му се придружи на тимот од Флорида, Орландо Меџик, но не како играч туку како скаут.

Оваа вест ја објави негов близок за НБА лигата.

Паркер најдобрата сезона ја оствари со израелскиот Макаби Тел Авив со кој изигра две сеозни од 2003 до 2005, освои 3 титули (првенство, куп и Евролига).Американецот со своите сјајни игри се најден и во најдобрата петторка на десетлетието во Евролигата.(2001-10)

0 comments:

Post a Comment