Кога некој НБА играч ќе премине во друг состав, нормално е неговите коментари да бидат исти како кога вие би добиле работа која вие навистина, од се срце ја посакувате, само што тие не можат да поминат без некое клише. Тоа што Андре Игуадала го изјави за официјалниот сајт на Нагетс може да се опише како еден од таквите коментари.
Не мора да значи дека расположението не е баш она вистинското, но тој треба да биде возбуден што се приклучува во тимот кој повеќе му одговара за вештините кои тој ги поседува. Неговиот коментар можете да го наречете Дизни верзија на неговите мисли.
„Ми се допаѓа тимот кој Џош Кроенк (претседателот на тимот) и Масаи Јуџајри (генералниот менаџер) го имаат составено. Тимот претставува група која располага со енергија и голема атлетска способност.“ - изјави Игуадала.
„Имам играно со Андре Милер и знам дека е вреден и трудољубив играч. Тај Лосон е еден од најдобрите млади плејмејкери во лигата и Данило Галинари навистина знае да ја збуни противничката одбрана со неговиот шут, а исто така знае и многу добро да се снајде со дефанзивните задачи. Големите млади момци како што се Џавејл МекГи, Тимофеј Мозгов и Кенет Ферид се талентирани и нивното време штотуку доаѓа.” - додаде Андре Игуадала.
Следната сезона Денвер Нагетс најверојатно ќе демонстрираат брза игра поради атлетски спремните кошаркари во составот и тоа најверојатно ќе влијае на подавањето и движењето на топката. Во оваа група атлети Игуадала дефинитивно се пронаоѓа себеси. Од него само ќе биде побарано да го прави истото што го правеше на Олимписките Игри во Лондон, но во поголеми размери. Неговата помош во дефанзивниот периметар ќе биде клучна.
Краен заклучок е дека тој е возбуден што прејде во тимот на Денвер Нагетс.
0 comments:
Post a Comment