Home » , » Што мисли Коби за трејдот на Хауард?

Што мисли Коби за трејдот на Хауард?

Written By Anonymous on 14.8.12 | 00:24


Коби Брајант по враќањето од ОИ, изјави дека е презадоволен од тоа како е сменет ростерот на тимот, и изјави дека не очекувал толку драстично подобрување. Исто така изјави дека и не имал никаква улога во привлекувањето на Хауард во тимот, дека на никаков начин не влијаел врз неговата одлука, туку смета дека тој самиот се одлучил токму за Лејкерси поради Стив Неш и Пау Гасол. 

“Во контекст на неговиот стил на игра, нема да треба да жртвува ништо, ќе добива дури и повеќе шутеви одколку во Орландо, колку и да ви звучи чудно тоа. Нашата игра се темели на поени од рекетот и игра под кошевите каде и досега бевме доминантни, а сега со неговото доаѓање нема потреба тоа да се менува, особено не затоа што функционира. А и мое лично мислење е дека Лос Анџелес Леј

керс повеќе му одговара како тим одколку Орландо, како на теренот така и вон него. Во секој случај мислам дека ја направи правилната одлука. ”-изјави Брајант.

Кога ќе се земе предмет дека Хауард ќе добива асистенции од најдобриот асистент во лигата и човекот со најдобар преглед на теренот нема потреба од грижи, секој ќе добива прилично голем број на шутеви. Оваа година и клупата на Лејкерс е далеку посилна и покомплетна одколку минатата година со новите играчи Ентоан Џејмисон и Џони Микс.

На прашањето каков бил ставот во неговите соиграчи во тимот на САД за време на подготовките за ОИ во врска со можен трејд на Хауард во Лејкерси тој изјави-

“Се шегувавме понекогаш на таа тема. Воглавно преовладуваше мислење дека нема теоретска шанса да го добиеме Хауард без да го изгубиме Гасол, а бидејќи сите знаат колку го ценам и почитувам Гасол како играч и како човек беа сигурни дека нема да дозволам да си замине од тимот. Но јас ги убедував дека сепак тоа може да се случи. Кога ќе се погледне како го добивме Гасол, скоро за ништо, се надевав и искрено верував дека тоа може да се случи и со Хауард, да доведеш исклучително квалитетен играч а да дадеш малку за него. А кога ќе земете предвид дека во тимот го имаме и Стив Неш, тогаш не може а да не бидам задоволен.Одлично сработено од страна на Мич Купчак. Со нетрпение го чекам почетокот на сезоната.”

0 comments:

Post a Comment