Home » , » Олајжуван :“МекГи ќе доминира со НБА лигата“ !

Олајжуван :“МекГи ќе доминира со НБА лигата“ !

Written By Anonymous on 16.8.12 | 17:17

hakeem-olajuwon
По што му беше ментор на ЛеБрон Џејмс и Двајт Хауард еден од најдобрите центари во исгоријата на НБА, Хакем Олајжуван летово работи со помалку познатиот ЏаВејл МекГи.

Центарот на Денвер Нагетс дефинитивно поседува голем талент кој треба да излезе на виделина.Олајжуван смета дека МекГи (24), по работата со него треба да доминира со НБА лигата во следните 10 години.

“Без никакви дебати тој е недокажана ѕвезда.Има многу голем талент.Му ги покажав сите мои потези и сега тој треба да го усоврши тоа за да ја изигра најдобрата можна сезона.“ - вели Хакем за ФОКС 26 Спортс.

“Потезите кој му ги покажав не беа за тешки центри.Тој е агилен, неговите потези се елегантни....Едвај чекам да видам како ќе игра следната сезона.“

Не беше само Олајжуван воудешен од работата на МекГи, туку и самиот тој.

“Се што ми покажа Хакем отпрлика го знам.Но, начинот на кој го покажува тоа е неверојатен.Ми покажа неколку работи за кој воопшто не размислував пред тоа.“ - вели МекГи.

Центарот на Нагетс минатата сезона бележеше 10,3 поени, 5,8 скока и 1,6 блока во просе, во кој играше 20тина минути на паркетот.

Да напоменеме дека овие “потези“ на МекГи го чинат “ситни“ 50 илјади долари.

0 comments:

Post a Comment