Home » , » Џ.Р. Смит вели дека Никс се фаворити за титулата

Џ.Р. Смит вели дека Никс се фаворити за титулата

Written By Dragan on 7.8.12 | 16:58

Постојат некои многу загрижени, но паметните фанови на Никс. Како целина тие ја знаат играта.

Но затоа, тука се фановите на Никс кои значително преценуваат колку е добар нивниот тим, смеатаат дека нивниот тим е ист како и во 1972 година.

Неслучајно, Џ.Р. Смит спаѓа во оваа последнава група. Тој вели дека по доаѓањето на Маркус Кемби и Џејсон Кид во тимот на Никси ќе биде подобро.

Како прво, донесувањето на Кемби и Кид ова лето не значи ништо повеќе за Никс. Нормално, повеќе ветерани во тимот носат повеќе искуство, но сепак не можат да придонесат многу на теренот. 

Смит можеби делува преоптимистички, но сепак факт е дека Никси изградија тим од повеќе ѕвезди и играчи на соодветни позиции. Мело и Амар'e формираат едно експлозивно дуо што е веќе 2 години заедно, а останатите играчи како Тајсон Чендлер, Џ.Р. Смит, Иман Шамперт и остантите треба само редовно да ги надополнуваат овие ѕвезди.

Останува да видиме што навистина ќе се случи со Никс ...

0 comments:

Post a Comment