Home » , » Портланд ТреилБлејзерс го ангажираат Тери Стотс за главен тренер

Портланд ТреилБлејзерс го ангажираат Тери Стотс за главен тренер

Written By Dragan on 8.8.12 | 02:18

Портланд ТреилБлејзерс го ангажираат Тери Стотс за главен тренер на екипата, откако го отпуштија Нејт МекМилан оваа пролет.

Потегот беше официјализиран и изнесен во јавноста во Вторник вечерта, а прв веста ја пренесе генералниот менаџер на Блејзерс Нил Ошли.

54 - годишниот тренер има рекорд од 115-168 со двата претходни тима на кои беше тренер, Милвоки Бакс и Атланта Хокс. Последниве 4 сезони работеше како асистент во Далас Маверикс.

Генералниот менаџер Ошли изјави дека Стотс е еден од елитните офанзивно - насочени тренери во лигата, кој беше клучен дел за освојувањето на шампионскиот прстен на Далас Маверикс во 2011 година.

Тери Стотс ја превзема работата од Кебин Каналис, кој беше само привремен тренер на крајот на сезоната за Блејзерс, откако Нејт МекМилан ја напушти тренерската позиција на половина од изминатава сезона.

0 comments:

Post a Comment