Home » , » Кијон Дулинг оди во пензија по 12 НБА сезони

Кијон Дулинг оди во пензија по 12 НБА сезони

Written By Dragan on 21.9.12 | 13:28

Како што Бостон финализираше со составувањето на својот ростер за наредната сезона, го потпишаа и Кијон Дулинг на едно - годишен, но негарантиран договор. Дулинг на 31. јули го продолжи договорт (1.35 милиони долари) на уште една сезона, меѓутоа двете страни се разделија и пред да почне сезоната.

Искусниот бек минатата сезона во дресот на Селтикси имаше учинок од 4 поени и 1.1 асистенција по натпревар.

“Кијон мисли дека и даде сосема солидни 12 сезони на НБА лигата и дека е веќе време за пензионирање. Време е да се посвети и на другите работи во животот и на неговот семејство.“ - изјави агентот на Дулинг, Кенџ Стивенсон. 

Кијон Дулинг помина 12 интересни НБА сезони, а беше драфтуван во 2000 година од страна на Орландо Меџик, каде што не одигра ниту еден натпревар за Орландо. Веднаш беше трејдуван во ЛА Клиперс, каде што одигра 4 сезони (2000-2004). Сезоната 2004/05 ја одигра со Мајами, по што следеа 3 сезони (2005-2008) со Орландо Меџик. Потоа Дулинг одигра 2 сезони (2008-2010) за Њу Џерси Нетс, а последниве 2 сезони играше за Милвоки Бакс (2011) и Бостон Селтикс (2012).

0 comments:

Post a Comment