Home » , » Филаделфија СевентиСиксерс: Сезона 2012/13

Филаделфија СевентиСиксерс: Сезона 2012/13

Written By Dragan on 20.9.12 | 12:17

Минатата сезона Филаделфија беше тим што заврши со рекорд над 0.500 % рекорд, поточно со 35 победи и 31 пораз. Сиксерс беа тим што играше одлична одбрана, но сепак имаше потешкотии во постигнувањето поени константно. Рекордот од 35-31 им донесе осмо место на истокот и последно место за влез во плеј-офот. Беа планирани на рано напуштење на НБА плеј-офот, но сепак Дерик Роуз ги искина лигаметите на коленото, а тоа им даде шанса на Филаделфија да извлечат чудо и да ги елеминираат првопласираните Чикаго Булс. Ги елеминираа Булси, а одиграа и едни од најдобрите плеј-оф серии во историјата на НБА со Бостон Селтикс, однесувајќи го ветераните на Док Риверс до 7. натпревар. Тука беше и крајот на многу интересната сезона за Филаделфија.

По години и години од шпекулации, Сиксерс конечно го трејдуваа Андре Игуадала, а преку трејдот на Хауард во Лејкерс во кој беа вклучени 4 тима, тие го добија Ендру Бајнам. Покрај Бајнам, ги доведоа и Џејсон Ричардсон и Ник Јанг за да донесат екстра поени на SG позицијата, а ги додадоа и Дурел Рајт и 27. пик на драфтот Арнет Молтри. Квоми Браун можеби беше најнелогичното засилување за Филаделфија, но барем фановите мора да се надеваат дека Браун може некако да помогне, секако, ако тренерот Дог Колинс му дава одредена минутажа.

Покрај тоа што се раздели од Андре Игуадала, Филаделфија мораше да се откаже и од услигите на младиот Никола Вучевиќ. Сиксерс исто така го амнестираа Елтон Бренд, кој играше многу солидно за нив, но сепак не беше вреден за својата плата. Џоди Микс исто така си замина од Филаделфија, а неговите шутерски способности ќе ги донесе во ЛА Лејкерс.


Три клучни работи за Филаделфија во наредната 2012/13 сезона:

1) Ендру Бајнам мора да прерасне во играч што ќе биде лик на франшизата и мора да се навикне на тоа.
Нема сомнеж во тоа дека Ендру Бајнам е надарен со талент и дека има тело со кое само неколку играчи во НБА можат да се пофалат. Во Лос Анџелес Лејкерс, сакаше поголема улога во ротацијата на новиот тренер Мајк Браун, а беше и доста критикуван на моменти. Покрај се, Бајнам беше одличен соиграч за останатите. Но сега во Филаделфија, го нема вниманието што Пау Гасол и Коби Брајант го привлекуваат од противничките одбрани, а исто така и од медиумите. Филаделфија сега е негов тим. Сите светла ќе бидат насочени кон него.

Во ново - составениот тим на Филаделфија, Бајнам ќе биде многу поактивен во одбрана. Ќе мора да биде и поактивен во pick-and-roll офанзивата со помош на Џру Холидеј и Еван Тарнер, а неговата минутажа во ротацијата на Дог Колинс ќе биде зголемена, односно ставена на највисоко можно ниво. Покрај сето тоа, во Филаделфија ќе мора да биде и најклучниот играч. Кога ќе дојде редот да се направи некој голем потег од кој зависи натпреварот, Бајнам треба да биде човекот што ќе го направи тоа. Такво нешто немаше во Лејкерс.

2) Џру Холидеј и Еван Тарнер мора да преминат на следното скалило. Заедно.
Филаделфија има потенцијал за да го изгради едно од најдобрите дуа во лигата, на чело со Џру Холидеј и Еван Тарнер. Холдеј е добар плејмејкер, може да биде лидер во нападот, да прави игра за останатите играчи, но сепак мора да го подобри шутот и неговата игра внатре во рекетот. Ова е сезона која ќе биде одлучувачка за таборот на Сиксерс, за тоа дали ќе го продолжат неговиот договор во Филаделфија или не.
Еван Тарнер покажува знаци кои треба да ги покажува втор пик на драфтот, а како што изминуваше минатата сезона, неговите бројки на ефикасност се зголемуваа. Ги покачи бројките во сегментите како скокови и асистенции, но неговата реализација од поле остана иста. Тоа ќе треба да биде сектор во кој ќе треба да напредува Тарнер. Андре Игуадала и Џоди Микс ја имаа работата како крилни играчи во Сиксерс минатата сезона, а сега тоа ќе биде поголем дел од работата на Еван Тарнер. Да потсетиме, Иги и Микс веќе се историја во Филаделфија.

3) Одбраната не смее да заспие. Никогаш.
Минатата сезона, Филаделфија беше трет најдобар дефанзивен тим во лигата, примајќи само 96. 6 поени по натпревар, а само Чикаго и Бостон беа подобри во тој сегмент. Тоа беше фактор број 1 зошто Филаделфија ги гледавме воопшто во плеј-офот и потоа до 7. натпревар на конференциските финалиња. 

Но покрај одбраната, со Ендру Бајнам на нискиот пост, Холидеј, Тарнер, Ричардсон и Тадеус Јанг како поентери на крилните и бековските позиции и Ник Јанг во улогата што ја имаше Лу Вилијамс лани од клупата, очекуваме повеќе од Филаделфија и во офанзивата. Но, покрај тоа што сакаат да направат чекор напред во нападот, тие сепак мора да останат барем во топ 5-те дефанзивни тимови во лигата, ако сакаат да останат конкурентни.


Покрај Мајами Хит, минатогодишниот шампион со амбиции за првото место на истокот, има многу тимови што го сакаат второто место во источната конференција. Типични примери: Индијана, Бостон, Њу Јорк и Бруклин. Но сега, лесно можете да ги додадете и Филаделфија СевентиСиксерс во тој микс.

Идеата да се стартува Ендру Бајнам на центарската и Спенсер Хоус на четворката е навистина добра, бидејќи им дава предност пред тимовите како Мајами и Бостон, влегувајќи со двајца високи играчи во стартната петорка. 

Предвидувања: 
Рекорд: 47-35. Ова е рекорд што ќе им донесе 4-6 место на истокот, а факт е и дека покрај крајниот епилог, Сиксерс ќе бидат тим што е интересен за гледање. Тимот ќе биде многу подобар во Април и Мај, отколку во Ноември и Декември. Иако не стигнат до финалињата на истокот или нешто повеќе, тимот само се подобрува во иднина, бидејќи имаат потенцијал полн со млади играчи. Се очекува за 4-5 години да прераснат во претендери за титулата.

Стартна петорка:
PG: Џру Холидеј
SG: Еван Тарнер
SF: Џејсон Ричардсон
PF: Спенсер Хоус
C: Ендру Бајнам

МВП на тимот: Ендру Бајнам

0 comments:

Post a Comment