Home » , » Милвоки Бакс: 2012/2013 сезона

Милвоки Бакс: 2012/2013 сезона

Written By Unknown on 29.9.12 | 14:29

Милвоки Бакс одиграа уште една НБА сезона без пласман во плеј-офот. Беа во трка за плеј-офот се до последната недела, но лошиот епилог на сезоната повторно ги отфрли од трката за доигрувањата. Имаа и една одлична победничка серија на крајот на Март и почетокот на Април, но баш кога требаше да се стегнат и да направат последен напор за влез во плеј-офот, тие попуштија.

Милвоки Бакс ова лето го трејдуваа дебитантот од лани Џон Луер, кој одигра солидна сезона за нив. Како слободни агенти ги оставија да си отидат Шон Ливингстон и Карлос Делфино, играчи кои исто така одиграа солидни сезони.

На овогодинешниот драфт го избраа Џон Хенсон, кој во летната лига во Лас Вегас покажа дека е уште еден играч со солиден шут од поле, но со прашалник кога станува збор за играта во нискиот пост. Одлучија да трејдуваат за Самуел Далемберт, потег што повторно ќе го помери Екпе Јудо на клупата. Потпишаа договор со слободниот играч Џоел Призбила, а го продолжија договорот со турчинот Ерсан Илијасова. Да не заборавиме  на пикот од втората рунда, Дорон Ламб.


3 клучни работи за Милвоки Бакс во наредната 2012/13 сезона:

1) Како ќе проработи дуото Џенингс - Елис ?
Овие двајца играчи се составени за да бидат експлозивно бековско дуо, но всушност се навистина слични играчи. Задржувачи на топката, не мислат на многу плејмејкерство, ефикасни офанзивци, кои не успеаа да создадат тимска хемија до сега во Бакс. Сепак, имајте разбирање ... играат само половина сезона. Треба да им се даде малку разбирање, но доколку ова дуо не проработи уште од почетокот на сезоната, веднаш ќе биде предмет на осудување и факт плус зошто Милвоки ќе има слаб рекорд во првиот дел од сезоната. 

2) Да им се даде шанса на младите играчи да направат некоја "врева". 
Екпе Јудо и Џон Хенсон треба да дојдат до позиција и да бидат нешто што беа Таџ Гибсон и Омер Ашик лани за Чикаго Булс. Некако, младите играчи на Бакс мора да дојдат до израз, бидејќи Милвоки неможе да се потпре и да потпише долго - годишен договор со Самуел Далемберт. 

3) Успех или пропаст за Скот Скалјс.
Постои т.н. „Скајлс ефект“, а тоа значи дека штом тренерот Скот Скалјс ќе превеземе тим, веднаш часовникот почнува да ги одбројува неговите години, месеци, денови. Тоа што сакам да кажам е дека доколку Скот Скајлс не успее со овој тим оваа година, тоа значи пропаст за него. Доколку Милвоки не стекне наслов на сигурен плеј-оф претендент оваа сезона, тоа нема никогаш да се случи во ератана Скајлс во Милвоки. Ако Милвоки изгуби плеј-оф место оваа сезона, Скот Скајлс и останатите негови помошници ќе "летаат" од Милвоки.

Предвидувања:
Рекорд: 41-41. Ова е рекорд што ќе им даде место во трката за плеј-офот, а во најдобар може план и 8мо место на истокот, што сите знаеме што значи. 

Стартна петорка:
PG: Брендон Џенингс
SG: Монта Елис
SF: Ерсан Илијасова
PF: Дру Гуден
C: Самуел Далемберт

МВП на тимот: Монта Елис

0 comments:

Post a Comment