Home » , » Гарнет :“Го немам веќе бројот на Ален“

Гарнет :“Го немам веќе бројот на Ален“

Written By Anonymous on 29.9.12 | 15:06


kevin-garnett
Еден од најдобрите крилни центари вчера проговоди за својот контакт со бившиот соиграч Реј Ален. Во медиумите се појавија гласини за караниците на бековскиот тандем Ален, Рондо кој стигна во Бостон во 2008 година. Не е познато зошто Ален си замина во моментално најголемиот ривал на Бостон, Мајами Хит.

Алена ја прифати понудата на Мајами иако во нивниот дрес ќе заработи помалку пари, но преминувањето во најголемиот ривал на Бостон од минтатите две сезони не беше прифатено најдобро во Бостон. Риверс рече дека сака неговиот тим да го разбие Мајами, а вчера свој коментар даде и Кевин Гарнет.

“Го немам веќе бројот на Ален и немам намера да комуницарам со него.“

Гарнет е познат како еден од најемотивните играчи кој секој натпревар го игра со жар во очите како да му е последна, исто така и тој беше слободен играч, но го продолжи договорот на уште 3 сезони, а колку тој потез ќе значи за Бостон ќе видиме во следните 3 сезони.

Мотвиот во соблекувалната секако недостасува, тензијата помеѓу Мајами и Бостон станува се поголема, а и со нестрпливост можеме да го чекаме првиот натпревар на сезоната, кога на паркетот во Американ Еарлајн Арена ќе се сретнат Мајами и Бостон, а замислите го само изразот на лицето на Гарнет додека својот бивш “брат“ го гледа како игра за најголемите ривали.

0 comments:

Post a Comment