Home » , » Тренинг - камповите стартуваат за Клиперс, Хит, Маверикс и Селтикс

Тренинг - камповите стартуваат за Клиперс, Хит, Маверикс и Селтикс

Written By Unknown on 29.9.12 | 13:52

Полека, но сигурно, НБА сезоната е на прагот. Тренинг камповите синоќа ги отворија шампионото Мајами Хит, Далас Маверикс, Бостон Селтикс и ЛА Клиперс.

Овие 4 тима стратуваат малку порано од сите, поради тоа што сите ќе играат натпревари во другите континенти. 
Бостон се упатува во Турција, каде што на 5ти и 7ми октомври ќе одигра пријателски натпревари. Далас ќе одигра натпревари во Берлин и во Барселона.
ЛА Клиперс и Мајами Хит ќе одиграат 2 меѓусебни натпревара во Кина.

Да потсетиме дека отворањето на тренинг - кампот беше само ден за медиумите за овие 4 екипи, додека со редовни тренинзи стартуваат во понеделник.

Останатите екипи ќе го отворат тренинг - кампот во понеделник на 1. октомври. Задржете се на нашата страна за секојдневните новости од тренинг - камповите. 

0 comments:

Post a Comment