Home » , » Прохоров очекува титула на Нетс за 3 години

Прохоров очекува титула на Нетс за 3 години

Written By Unknown on 28.9.12 | 19:45

Сопственикот на тимот на Бруклин Нетс Михаил Прохоров, повторно изјави дека неговата цел е освојување на титула со тимот на Нетси.

“Секој тим си има свој план, свои цели, а што се однесува до нашиот тим, чекор по чекор се движиме напред кон целта, а тоа е да се направи шампионски тим и да се освои НБА титула. Очекувам оваа цел да се оствари за 3 години. Сега засега, се наоѓаме на вистинскиот пат. За мене постои само едно место, а тоа е местото број 1, да се биде најдобар. Ќе сторам се што е во моја можност за да се освои титулата.” - изјави Прохоров, на отворањето на 1 милијарда долари вредната сала на Нетси во Бруклин.

Кога го купи тимот во 2009 година, Прохоров вети титула во рок од 5 години, а сега ветува за 3 години, што е во рамките на неговиот првичен план. Нетси не учествувале во пост сезоната уште од 2006/2007 година, а оттогаш нивниот скор е 58-172.

“Повеќе сакам кога Прохоров поставува временска рамка на тоа кога очекува да се освои титулата, отколку да каже дека се надева дека во блиска иднина ќе ја освои, тоа значи дека има план и дека работи на остварување на истиот.” - изјави ГМ на Нетси, Били Кинг.

0 comments:

Post a Comment