Home » , , » Коби Брајант - 81 поен vs. Мајкл Џордан - 69 поени

Коби Брајант - 81 поен vs. Мајкл Џордан - 69 поени

Written By Dragan on 20.9.12 | 11:17

На YouTube каналот на Coach Nick може да се пронајде "се и сешто", а овојпат пронајдов и една интересна компарација на натпреварите во кои Џордан и Коби постигнаа најмногу поени во својат кариера, односно 81 поен за Коби против Рапторс и 69 поени на Џордан против Кавалирс.

ЛА Лејкерс одиграа домашен натпревар против Торонто Рапторс на 22. Јануари 2006 година, каде што Коби всушност постигна 81 поен. Факт е дека одбраната на Торонто беше една од најслабите во лигата тогаш и многумина веднаш би рекле дека катастрофалната одбрана на Рапторс е главната причина што Коби постигна 81 поен. Сепак, во 2006 година Лејкерс имаа катастрофален тим и Коби мораше да се мачи со Квоми Браун и Свиш Паркер.

На 20. Март 1990, Чикаго Булс одиграа гостински натпревар против Кливленд Кавалирс. Натпреварот беше навистина интересен и стигна дури до едно продолжение, за разлика од оној натпревар на Лејкерс и Коби против Торонто, кој навистина беше досаден за гледање. За разлика од Торонто Рапторс во 2006 година, Кливленд Кавалирс беа многу посилен тим, особено дефанзивно. Имаа и рекорд во тоа време кој беше многу поконкурентен од овој на Торонто во 2006 година. Тоа е еден факт плус, кој укажува дека Џордан имаше многу потешка задача во постигнувањето на 69 поени против тешкиот за совладување тим на Кливленд, отколу постигнувањето на 81 поен на Коби против лесно совладливите во одбрана Торонто Рапторс. 

Сепак, тимот на Чикаго Булс од 1990 беше многу подобар од оној на ЛА Лејкерс во 2006 година. Тоа значи дека Џордан имаше многу помалку товар на грбот отколку Коби, бидејќи во самиот тим на Булс, заедно со Џордан играа и Скоти Пипен, Хорас Грент, Б.Џ. Армстронг и Бил Кетрајт.

Единственото нешто во што Чикаго Булс 1990 и ЛА Лејкерс 2006 беа исти, беше тренерската позиција. Фил Џексон беше тренер и на двата тима.

Погледнете ја компарацијата на овие 2 натпревари според тренерот Ник :



Погледнете го секој поен од 81 на Коби и 69 на Џордан :


0 comments:

Post a Comment