На врвот е на потпишување на договор со украински кошаркарски тим, а како што стојат работите, барем тој мисли дека на 34 - годишна возраст има барем уште 2-3 години зрела кошарка за играње. Барем во Европа.
“Не сакам да ја поминам цела година некаде во Европа, далеку од ќерка ми. Подобро би било кога би живел во САД, каде што би можел да ја посетувам кога сакам, затоа што сакам да бидам во нејзина близина” - изјави Сонгаила.
Во врска со краткоричниот договор кој го потпиша со тимот на Доњецк од Украина, иако имаше побогати понуди од други тимови од Европа, тој изјави дека таквиот тим договор бил лично негова идеа, затоа што не сакал да седи дома додека почнат со работа тренинг камповите во НБА (а тоа е на средината на Септември). Го потпишал договорот за да може да замине во НБА ако му дојде шансата.
“Доколку се вратам во НБА секако дека мојата улога во било кој тим ќе биде различна од онаа која ја имав претходно. Сега има прилично доста ветерани и искусни играчи кои играат на една една година и тоа на минимален договор за ветерани, така да мојата цел би била да им се помогне на младите и на тимот во целина како на тренинзите, така и на натпреварите. Сметам дека сеуште имам што да покажам на теренот” - додаде литванецот.
Инаку Сонгаила се откажа од националниот тим на Литванија по завршувањето на ОИ во Лондон, а и се разведе до својата сопруга, но сепак како и што самиот изјави најтешка му паѓа разделбата од својата ќерка.
0 comments:
Post a Comment