“Искрено не ми е гајле за Лејкерси.Мојата искрена тренерска мисла е една, мислам само на Мајами.Во текот на годината им зборувам на моите играчи само за Мајами, сакам Мајами да им влезе во главата.Сакам да ги замразат.Сакам да ги разбијат на теренот.Тоа е нашиот главен план за новата сезона.“
Оваа изјава на Риверс воопшто не е чудна со оглед на тоа што играчите на Мајами минатите две сезони го исфрлија Селтикси од плејофот, а секако постои и големо ривалство помеѓу ЛеБрон Џејмс и Пол Пирс.Во медиумите се зборува и за несогласувањето помеѓу Рондо и Ален, кој дресот на Бостон го замени со Мајами.
Сепак Риверс не можеше да не го прокоментира новиот состав на Лејкерси :“Мислам дека Лејкерси се малку подобри од следната сезона, но сепак мислам дека не се смногу добри.Гледате, тие го трејдуваа Бајнам, играч кој ни правеше проблеми и кој не успеавме добро да го чуваме, за Хауард тој е врхунски играч, но секогаш успеавме да го лимитираме.Најголемата промена ќе биде Стив Неш.Слушам дека тој ќе игра со топката повеќе време.Ќе биде интересно да го видиме Коби без топка.Се на се ќе биде интересно, стварно се добри.“
Риверс позборува и за плановите од следната сезона :“Мораме полека да доаѓаме на линијата за слободни фрлања, тоа во денешно време е едно од најважните работи во НБА лигата.Ако имате можност да изведувате многу слободни фрлања, можете да станете доминантен дефанзивен тим што секој пат може да се постави во одбраната“ - а потоа се врати на Мајами :“Ако промашувате шутеви против Мајами, тие ќе ве натераат на трка по целиот терен.На своите играчи им реков ако играме натпревар во трчање сигурно дека ќе изгубиме, но ако играме со глава, тогаш ќе ги победиме.Кога играте против Мајами морате да ја промените играта.Мораме да ги натераме да мислат, а не да играат како што сакаат.“
Риверс се врати и на почетната петторка и рече дека најверојатно Кортни Ли ќе биде во првата петторка додека на терените не се врати Ејвери Бредли.
0 comments:
Post a Comment