Во интервју со Боб Рајан, Док Риверс зборуваше за проблемите на позициите и тој ни откри интересни работи. Најинтересно е како Док планирал да го направи Кевин Гарнет центар - стартер и како сакал претходната сезона Реј Ален да влегува како шести играч од клупа, со тоа што Бредли добро се покажа (не знаеме како се чуствува Реј за тоа).
Но, главното прашање беше кој ќе стартува на местото на Бредли, Кортни Ли или Џејсон Тери
?
Ли ќе добие шанса во стартната петорка ако игра доволно добро и Бредли може да функционира со Тери од клупата. Ако Ли се се префрли на клупата кога ќе се врати Бредли, тоа значи долга клупа и повеќе атлетски играчи (проблем за Бостон последниве 3 години).
0 comments:
Post a Comment