Home » , » Нетси како претендент за титулата? Били Кинг мисли дека е возможно

Нетси како претендент за титулата? Били Кинг мисли дека е возможно

Written By Unknown on 27.9.12 | 18:34

Не сум сигурен дека Нетс се најдобриот тим во Њу Јорк. Тие не се ниту најдобриот тим во Североисточната дивизија. Уште помалку веројатно е дека некој нормален човек мисли дека тие се најдобрите на Источниот брег, или во конференцијата сеедно.

Да, сигурно е дека тие ќе бидат далеку подобри од минатата катастрофална сезона. Оваа верзија на "мрежичките" предводена од Дерон Вилијамс, Џо Џонсон, Брук Лопез и Џералд Валас би требало да биде поинтересна, колку за почеток.

Но, генералниот менаџер на Нетси, Били Кинг смета дека неговиот тим може да биде многу повеќе од интересен од очекуваното оваа сезона. На прес - конференцијата во вторникот, Били беше запрашан дали овие Нетси можат да ја освојат НБА титулата ?

“Дали можеме да бидеме шампиони ? -Да ! Но ќе ни треба многу среќа во една НБА сезона да го направиме тоа. Мораш да останеш здрав, да добиеш неколку паузи, но и топката ќе мора понекогаш да се одбива во твојот правец.“ 

Сериозно, Били Кинг ги пратеше Мајами како го освојуваат трофејот и како потпишуваат играчи како Реј Ален и Рашард Луис ова лето. Дали навистина мисли дека составот на Нетс е подобар од тој на Мајами Хит ?

“Незнам... Мајами е многу добар тим. Тие се актуелните шампиони кои сите ќе се трудат да ги победат, но ќе видиме што ќе се случи кога ќе се соочиме со нив. За првпат ги имаме потребните делови како тим за да ги победиме.“ - изјави Кинг. “Кога ќе играме со Лејкерси, ќе имаме шанси да ги победиме и нив. Секоја вечер излегувајќи на паркетот ќе имаме шанси да го добиеме секој натпревар. Нови сме на главната забава, но ќе се погрижиме сите да слушнат за нас.“

Не треба така лесно да се отпишуваат Нетси, бидејќи ќе бидат доста добар тим. Едно е сигурно, а тоа е дека ќе победат на повеќе натпревари од колку што ќе бидат поразени.

Но, ако фановите на Бруклин Нетс мислат дека тие навистина се претенденти за титулата, тогаш тие се лажат себеси повеќе и од фановите на Никси. Еј, можеби ова е една од војните во Њу Јорк која ќе можат да ја добијат !


0 comments:

Post a Comment