Home » , » Ѕвезди кои сета своја кариера ја поминале во еден тим

Ѕвезди кои сета своја кариера ја поминале во еден тим

Written By Anonymous on 5.9.12 | 10:52


LOS ANGELES, CA - DECEMBER 04:  Kobe Bryant #24 of the Los Angeles Lakers and Dwayne Wade #3 of the Miami Heat share a laugh in the fourth quarter at Staples Center on December 4, 2009 in Los Angeles, California. The Lakers defeated the Heat 108-107. NOTE 
Со својата изјава дека планира да игра уште само 2 години и потоа да се пензионира, Дирк Новицки ја разбранува кошаркарската јавност како во САДА така и во Европа.

Новицки има уште токму 2 години до завршување на договорот со Далас, а потоа ќе стане слободен играч и ќе има полни 35 години, Секако дека не може да биде продуктивен и ефикасен на тие години како што е сега и како што бил во минатите години, но со добра стратегија и солидни играчи, ќе може да ја пролонгира својата кариера а притоа се уште да биде опасен играч и да се бори за титула како лидер и ѕвезда на својот тим. Но прашањето е кој ќе биде негов следен тим.

Тоа пак само по себе поставува друго прашање, а тоа е кои се играчите кои имаат шанса да ја поминат целата своја кариера во еден тим е притоа да бидат кандидати за во Куќата на Славните. А тие се следниве

1. Дирк Новицки-Далас

Доколку Новицки одлучи да потпише со Далас како слободен играч тогаш тоа е чиста добивка за Далас. Но, Новицки секако дека прво ќе го земе предвид трансфер пазарот, дали ростерот на Далас ќе има шанса да се бори за титула, дали има некоја побогата понуда и дали би сакал нов предизвик во нов тим.

2. Коби Брајант-Лејкерс
143878376_crop_exact
Што да се каже за Брајант. Човекот сигурно ќе биде дел од Куќата на Славните, највероватно и ќе му биде повлечен дресот во Лејкерси а можеби ќе му дигнат и споменик пред Стејплс Центар доколку освои уште неколку титули. Прашање е само дали ќе остане верен на дресот на Лејкерси до крајот на својата кариера. Факт е дека моментално Коби Брајант има највисока плата во НБА на годишно ниво,договорот му истекува во 2014 година, година во која треба да добие фантастични 30 милиони долари. Доколку Лејкерси потпишат повеќегодишен договор со Хауард тогаш ќе нема никаква причина зошто тоа да не гос тори и Брајант, затоа што нема да има никаква пречка до финансиски аспект за менаџмент на Лејкерси, бидејчи сите договори на останатите соиграчи завршуваат токму во 2014 година. Брајант би требало да добива отприлика по 10 милиони долари по сезона за новиот договор. А секако дека постои и можност да одлучи да игра за друг тим.

3. Тим Данкан-Сан Антонио
Данкан има 36 години моментално а има договор со Спарси на уште 3 години што значи дека кариерата ќе ја заврши онаму и каде што ја започнал, како што и самиот изјави дека сака. Несомнено во иднина ќе биде дел од Куќата на Славните.

4. Ману Џинобили-Сан Антонио
NEW ORLEANS - JANUARY 18:  Manu Ginobili #20 of the San Antonio Spurs during the game against the New Orleans Hornets at New Orleans Arena on January 18, 2010 in New Orleans, Louisiana.   NOTE TO USER: User expressly acknowledges and agrees that, by downl
Џинобили има 35 години и договорот му завршува наредната сезона. Спарси би имале можност да му понудат максимален договор на некој друг слободен играч таа година доколку се ослободат од Сплитер и Џинобили, чии договори се најтешки а и од уште неколку играчи кои тоа лето би биле слободни. Иако највероватно ќе има и тоа како звучни имиња како слободни играчи година сепак Спарси не се познати по атрактивноста на привлекување супер ѕвезди, а и Џинобили ќе има веќе 38 години тогаш, така да највероватно големата 3 од Сан Антонио ќе заврши онаму каде и што почна.

5. Тони Паркер-Сан Антонио
145508486_crop_exact
Иако не е стар како горенаведените, сепак игра на ниво приближно на нивното и доколку продолжи со исто темпо како и минатата сезона тогаш сигурно ќе биде сериозен кандидат за Куќата на Славните. Има договор со Спарси до 2015 година, а тогаш ќе има 33 години, и би можел да потпише како слободен агент нов повеќегодишен договор со Спарси. Се зависи од тоа каков ќе биде ростерот на тимот, доколку може да се бори за титула тогаш нема причина зошто Паркер да ја менува средината, но доколку тоа не биде така тогаш сигурно е дека Паркер ќе има доста понуди на пазарот па ќе одлучи каде ќе се пресели.

6. Пол Пирс-Бостон
Пирс за малку ќе беше трампан од Селтикси во 2006 година, и исти такви шпекулации се појавија и минатата сезона. Наводно и во двата случаи Селтикси се одлучиле поради примамливите понуди кои ги добивале. Пирс има уште 2 години во Селтикси според договорт, но ќе добие само 5 милиони од неговите 15 во наредната сезона. И да го задржат нема да ги оптовари финансиски ниту пак и да го трампаат ќе им ослободи значителен дел од селери-капот, така што логично би било да го задржат затоа што играч со неговите квалитети, искуство и лидерство ретко се наоѓаат. По завршување на овој договор Пирс ќе има 37 години така да ќе биде интересно да се види дали ќе се повлече или пак ќе одигра уште некоја со сезона во Селтикси или пак во некој друг тим, но секако дека ќе биде дел од номининарите за влез во Куќата на Славните кога ќе дојде време за тоа.

7. Двејн Вејд-Мајами
146659427_crop_exact
Иако некои уште од сега го споменуваат неговото име за листата на слободни агенти во 2014 година заедно со Бош и Џејмс, сепак со оглед на тоа дека има шампионски тим во Мајами и одлични соиграчи многу веројатно е Вејд да остане верен на Жешките.
Вејд ќе има 34 години кога ќе биде слободен агент и се уште ќе може да пружува солидни партии во дресот на Мајами, но неговата како и одлуките на Џејмс и Бош се личнно нивни затоа што според договорите кои ги имаат можат да се обидат и како слободни агенти на пазарот една година пред завршувањето на нивните договори. Тројцата имаат богати договори, особено Вејд кој треба да заработи скоро 20 милиони долари за наредната сезона.

Идни кандидати

Секако дека покрај овие ѕвезди кои веќе скоро сите најмалу по една деценија, некој и повеќе, се во своите тимови има и такви кои се само неколку години но имаат педигре и предуслови да бидат легенди и целата своја кариера да ја поминат во тој единствен тим. Иако многу работи ќе зависат врз нивните одлуки сепак никој не знае што носи иднината, можеби и тие ќе бидат дел од Куќата на Славните во иднина и ќе бидат запаметени како легенди во тимовите во кои настапуваат.

-Кевин Лав-Минесота
-Ламаркус Олдриџ-Портланд
-Кевин Дурант и Расел Вестбрук-Оклахома
Hi-res-146233478_crop_exact
-Дерик Роуз-Чикаго
121737312_crop_650x440 
-Ражон Рондо-Бостон
-Блејк Грифин-Клиперси

0 comments:

Post a Comment