Home » , » Нетс – фаворити само на хартија или вистински конкуренти ?!?

Нетс – фаворити само на хартија или вистински конкуренти ?!?

Written By Anonymous on 6.9.12 | 10:37


Закачете го составот на секој тим од Источната конференција на ѕид и подредете ги според ѕвездите кои ги имаат во тимот и Бруклин Нетс ќе го најдете меѓу најелитните.

Нетс однапред ја имаа испланирано оваа тактика со цел да направат транзиција од Њу Џерси во Бруклин и да влезат во групата на источните тимови како што се Хит, Селтикс, Пејсрс кои се натпреваруваат за подобар пласман во плеј-оф.

Како што се доближуваме до стартот на тренинг камповите, никој не е нетрпелив да го види новото руво на Нетс во акција како што е човекот чива работа е да го оствари замисленото. Затоа впечатоците кои ги бележи тренерот Ејвери Џонсон за неговиот тим не вредат ништо во овој момент. За време на патувањето кон неговиот стар Далас тој остварил контакт со организација наречена “Just Say Yes”. Што имале на ум последниве години од тимот на Нетс дознаваме од Еди Сефко за “Dallas Morning News”.

Екстремната преродбата почна со задржување на Дерон Вилијамс во тимот.

“Го планиравме ова веќе две години. Цело време мета ни беше Бруклин. Минатите години делумно повеќе натпревари игравме на гости бидејќи немавме никаква предност како домашен тим поради тоа што се наоѓавме на привремена локација. Сега ќе биде повозбудливо во Барклејс Центарот во Бруклин токму поради локацијата, со нови свежи сили во составот кои ќе не направат конкурентни против секој противник и секоја вечер ќе бидат распродадени билетите.“

Освен што ги задржаа Дерон Вилијамс, Брук Лопез и Џералд Валас,Нетс преку трејд во јули го добија Џо Џонсон.

“Дерон е делчето што фали на оваа голема сложувалка. Возбудливо е што можеме да сметаме на потписот на некои слободни играчи и на продолжување на договори со досегашните играчи. Целта сеуште не е достигната. Сеуште не сме шампионски тим. Ни преостанува уште многу работа. Но истовремено можеме да кажеме дека изворот на таленти е значително побогат од минатите две години. Ние сме поразноврсни како што не сме биле никогаш досега. Сега засега изгледаме добро на хартија. Сега преостанува сето тоа да го докажеме на теренот.“

Нетс би требало да бидат главни конкуренти за првите четири места во Источната конференција врз основа на искуството на Дерон Вилијамс и Џо Џонсон. Со солидната прва петорка тие можат на крајот од регуларниот дел од сезоната да се најдат позади Хит, а пред Селтикс и Пејсрс.

Но сепак тоа се претпоставки според она што ни е понудено само на хартија. Единствениот начин да се докаже сето ова е теренот.

0 comments:

Post a Comment