Home » , » Риверс :“Кевин и Рондо ќе му помогнат на Дарко“

Риверс :“Кевин и Рондо ќе му помогнат на Дарко“

Written By Anonymous on 27.9.12 | 20:04


Доаѓањето на Дарко Миличич во Селтикси требаше да ја засили центарската линија на “Келтите“, а тренерот Док Риверс очекува дека српскиот центар да му помогне на тимот.

Риверс истакна дека Миличич мора да свати дека тимот треба да биде на прво место, а не неговиот личен учинок. Тој додаде дека статусот на 2 пик му штетеше низ кариерата.

“Не знам што да очекувам од Дарко. Ми се допаѓа неговата висина. Сакаме да се вклопи во нашиот систем, да се концентрира на тимот, не на себе. Не смее да подлегне на очекувањата, како што правеше низ текот на кариерата.“

Она што Миличич го очекува е работа со Гарнет, еден од најдобрите високи играчи во историјата на лигата, кој е познат играч на тренинзите кој работи со своите соиграчи и ја крева хемијата во тимот на крајни граници.

“Тој може да те направи одличен, или да те уништи, секогаш е едно од двете. Нема разлика помеѓу работата на Кевин и мојот пристап на работа на тренинг и натпревар. Доколку си спремен да учиш, можеш да станеш само подобар играч играјќи со Кевин.“ - индиректно Риверс му го порача ова на Дарко.

ГМ на тимот Дени Ејнџ е задоволен од тоа што доби релативно млад, но многу искусен играч. Миличич во НБА стигна со 18 години, а сега е во 27 година, а Селтикси ќе му бидат 6ти тим во најјаката кошаркарска лига во светот.

“Покажа знакови на квалитет, иако немаше континуитет. Време ќе покаже. Ова е огромна шанса за него. Немаше добра сезона со Минесота лани, но играше добро година пред тоа во Мемфис. Беше недостапен ова време минатата година. Беше играч кој не можете да го добиете. Тој има 27 години и здрав е.“ - истакна Дени Ејнџ кој обрати малку внимание на играта ни Миличич минатата сезона.

“Дарко беше добар играч на моменти во текот на кариерата. Се мачеше на неколку места, но тој е крупен и знае како се игра кошарка. Се надеваме дека ќе се вклопи во нашиот систем. Секој висок играч кој доаѓаше минативе сезони брзо се вклопуваше. Да се игра со Кеј-Џи и Рондо навистина треба да му помогне.“ - додава Ејнџ.

“Ми се допаѓа неговата кошаркарска интелигенција и пас игра. Да се има 213 цантиметри и да се има 125 килограми е нешто неверојатно, може многу да ни помогне.“ - заклучува Ејнџ.

Првиот тест на Миличич можеби е на 5 октомври  во Европа кога неговите Селтикси ќе се сретнат во предсезонски натпревар со Фенербахче Улкер во Истанбул.Два дена покасно Селтикси играат и со Емпорио Армани во Милано.

0 comments:

Post a Comment