После тешките повреди и артроскопијата во јануари 2011, Рој ги опериса двете колена, но се врати на теренот со лимитирана минутажа.
Пред почетокот на минатата сезона реши да се пензионира.Меѓутоа, по неколку месеци рехабилитација, тој се реши повторно да заигра во НБА.Благодарејќи и на експерименталната, и малку контраверзна терапија во Германија.
“Не би рекол да се враќам од пензија, иако првите два месеци главно одмарав, а во главата ја чував надежта дека ова не е крај.Почнав лесно да тренирам, а по што на колената направив неколку медицински тестови во Германија, се чувствував повторно силно.Веќе шест месеци тренирам и немам проблеми со клената, ниту со натколениците, ниту било каков друг проблем.“ - вели 28 годишниот Рој.
Токму оваа медицинска постапка е приказна за НБА играчите во последните 2-3 години.Ја откри Коби Брајант кој неодамна призна дека се чувствува како на почетокот на кариерата.Него третманите му помогнаа да остане на високо ниво иако има 34 години.По него тоа го направи и Грент Хил кој во октомври полни 40 години.
Се работи за процес кој се базира на две нивоа на делување - лекарите прво ваѓаат крв од пациентот, а по посебниот процес во одредени комори таа иста крв ја ставаат во коленото.
Наводно, наведената постапка овозможува потполно заздравување дури и во ситуација кога во коленото нема ’рскавица, како што е кај Рој.
“Не сум како Коби Брајант, но веќе неколку месеци трчам, менувам смерови без проблеми, трчам како во најдобрите денови.Оваа постапка без сомнение ме врати во кошарката“ - истакна Рој.
Оваа терабија и натаму има статус на експериментирање, сеуште не е пуштена во медицинската заедница, но е во НБА лигата.Покрај старите играчи, ветераните, истата постапка ја изведе и Кармело Ентони, а последен кој побара спас во Германија е Ендру Бајнам.
Во секој случај ни се врати Брендон Рој, најдобриот руки од сезоната 2007.Тој одигра 321 натпревари за Блејзерси од 2006 година, а просечно постигнуваше по 19 поени по натпревар.
Последниот печат го остави во натпреварот од плејофот (4 натпревар од серијата со Далас) кога Блејзерси губеја со 20 разлика пред почетокот на 4тата четвртина.Постигна 18 поени, мечот го заврши со 25 поени и 5 асистенции, а Портланд подоцна победи.
Новиот почеток го има во младиот тим Минесота Тимбервулвс.Волците одлучија да ризикуваат и да му помогнат на суперталентот, а доколку ризикот се исплати, ќе добијат двојно.Ќе имаат уште Ол Стар играч кој покрај Лав, Рубио, Пековиќ, Кириленко и остантите ќе може да ги однесе во плејоф, прв после ерата на Кевин Гарнет.
“Верувам дека повторно ќе бидам спремен да играм 35 минути по натпревар што ми беше просек пред операцијата.Лимитираните минути во последните 2 сезони со Блејзерси ме убија.Не сакам никого да му сметам, ќе исполнам големи очекувања.“ - вели Рој.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment