Home » , » Хардавеј вели дека Роуз треба да биде трпелив за враќање на терените

Хардавеј вели дека Роуз треба да биде трпелив за враќање на терените

Written By Dragan on 21.9.12 | 22:22

Не многумина НБА критичари во моментов би се осудиле да зборуваат за повредата на Дерик Роуз и воопшто во ситуацијата во која се наоѓа.

Тим Хардавеј се осуди.

Чикагоанецот по потекло Хардавеј, остави белег со еден од најдобрите "crossover" дриблинзи во НБА историјата, а беше и 3 пати учесник на Ол-Стар натпреварите. Во 1993 година, Хардавеј заработи повреда слична на оваа на Роуз, а тоа го чинеше една сезона без НБА натпревар одигран.

Тими се врати на терените и беше уште попаметен играч, беше поефикасен, но никогаш ги немаше истите карактеристики како и пред тоа.

Тим Хардавеј за „ESPN Chicagо“ изјави дека Дерик Роуз треба да биде трпелив и да не брза за кам - бек на НБА терените.

Јас топло би му препорачал да зачека за кам-бек на терените, се додека не биде 100% спремен. Бидејќи јас го знам Роуз, тој е играч како мене, скока и трча.“ - изјавил Тим Хардавеј.

Неговиот скок - шут исто така ќе се врати во препознатлива форма и можеби ќе биде и подобар отколку што беше.“ - продолжи Тими, кој моментално е советник и пребарувач (скаут) во Мајами Хит. “Како резултат на трпението, ќе се подобрат бројките на реализација на шутот од поле и на слободните фрлања. Бидејќи се што може моментално Роуз да прави е да шутира, шутира и само шутира.“ - заврши Хардавеј.

Дерик Роуз има предност во однос на Тим Хардавеј, бидејќи повредата на Роуз се случува 20 години подоцна од онаа на Тими. Секако, технологијата и медицината одат напред, а разлика од 1993 година, сега можете да се движите за пократко време по серозна операција, како оваа на Д-Роуз и Тими. 

0 comments:

Post a Comment