И ... се враќаме на "Лејкерс се најдобри на хартија" дискусијата. Овојпат Двејн Вејд зборува на таа тема.
Било каде и да слета Двејн Вејд, мора да биде запрашан за освојувањето на титулата со Мајами оваа година, за компарацијата со титулата во 2006 година, за надежите за повторуње и секако за ново-оформените Лос Анџелес Лејкерс.
Еве што изјави Вејд за „Fox Sports“ за Лејкерс :
“Лејкерс ќе бидат навистина одличен тим, но мора да се разработаат како нов тим. Мора да ја развијат пред се хемијата.“ - рече Вејд, со глас што звучеше повеќе како предупредување за нив. “Дека се одличен тим ќе сфатат сите, дали ќе биде тоа од сега, дали на половина сезона, дали на крајот на сезоната, не е важно. За нив, тие треба да бидат успешни во секој можен погледн, но сето тоа зависи од нив и од тоа како сакаат тие да изгледа.“ - додаде Вејд.
Навистина, сега прашањето е колку силно ќе ја зацврстат тимската хемија. Дополнителни грижи на таа тема дава и фактот дека Двајт Хауард ќе ги пропушти тренинг-камповите, а можеби и почеток на сезоната како што се враќа од повредата. Плус, инсталираат нова офанзива. Ќе видиме како Стив Неш и Двајт Хауард ќе се вклопат со останатитите Лејкерси на почетокот на сезоната.



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment