Иако е далеку од било каква спортска и кошаркарска форма, сепак Шек би можел да одигра неколку натпревари во Мексиканската кошаркарска лига, според изјавите на претседателот на тимот Ферца Реџиа, Серхои Ганем.
Шек би одиграл еден или два натпревари во месец Октомври, но сеуште не е постигнат никаков договор.
За оние што не знаат, ова е истиот тим во кој Денис Родман настапуваше на неколку натпревари во 2004 година. Секако дека во прашање е маркетинг, кој гледано од двете страни е позитивен.
Мексиканската лига која е инаку мала и неатрактивна ќе добие публицитет, а и Шек ќе добие одредена сума на пари и ќе биде вистинска ѕвезда и ќе добие на слава. Останува да видиме дали уште може да забива.



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment