Моментално, Тим Данкан е лицето на Спарс. Целата кариера ја одигра во Сан Антонио и постави една точка во НБА историјата исто така. Но, кога ќе го погледнете Данкан, веднаш ве асоцира на брзиот Тони Паркер и паметниот Ману Џинобили. Поточно, Големата Тројка на Спарс.
За неколку години, носител на играта на Спарс и најдобар играч во тимот на Сан Антонио може да биде младиот Каваи Леонард. Барем Грег Попович мисли така.
Прочитајте што кажа Попович за Каваи Леонард, влегувајќи во неговата втора сезона :
“Мислам дека ќе биде ѕвезда. И како што времето поминува, може да стане и лицето на Спарси. Каваи е посебен играч, на двата краја на теренот. И тоа што ме тера да зборувам вака самоуверено за него е тоа што тој неверојатно сака да победува. Сака да биде добар играч. Кога ќе погледнете на кое ниво игра, а замислете дека играл само една година во колеџ и една локаут сезона во НБА без вистински тренинг-камп. Навистина е нешто специјално.“ - изјави Попович.Да бидете на тим полн со ветерани, а особено со Тим Данкан, значи многу. Тие ви даваат мапа по која ќе се движите низ годините на развивање во НБА лигата. Потоа е многу полесно.
Во тим што не дозволува многу забава на дебитантите, Леанард си заслужи 24 минути по натпревар во просек, а на средина на сезоната доби и стартна позиција, после трејдот на Ричард Џеферсон. Во останатиот тек на сезоната Леаонард бележе по 7.9 поени и 5.2 скока по натпревар, а овие бројки се зголемуваа во плеј-офот.
Неговата втора сезона ќе биде навистина интересна за гледање.
0 comments:
Post a Comment