Home » , » Амар'e Стадемаер го објаснува ударот над заштитникот за пожари

Амар'e Стадемаер го објаснува ударот над заштитникот за пожари

Written By Dragan on 6.9.12 | 23:11

Напуштајќи го теренот по поразот на Њу Јорк Никс од Мајами во вториот натпревар од првата рунда во плеј-офот оваа година, Амар'е Стадемаер беше исфрустриран доволно за да направи непромислен потег и да го удри заштитното шише за пожари. Ударот беше доволно силен за Стадемаер да го искрши стаклото на заштитувачот од пожари и да ја исече својата рака. Поради тоа, Амар'е мораше да ги пропушти следните 2 натпревара.

Но ... Стадемаер сепак не бил исфрустриран. Барем не ако го прашате лично него. Тоа и го направија новинарите на „Fox Sports“, a тој има кажа како се случило.

“Тоа што всушност сите го замислуваат како бокс кон заштитувачот, сепак не беше тапаница. Тоа беше само "шлаканица" против ѕидот. Но, за жал ненамерно ја потфатив ивицата на заштитувачот од пожари.“ - изјави Амар'e Стадемаер.

“Ова е потег што негативно ме прослави во јавноста, а многумина и лошо ме сфатија и сега лошо мислат за мене. Всушност јас сум многу смирен и трпелив карактер. Само сакам да победувам, а кога ќе се случи вакво нешто, знајте дека тоа е микс на чувства.“ - додаде Стадемаер.
Во надополнување, еве што кажа Амар'e во истово интервју за Џереми Лин, веќе поранешниот соиграч во Њу Јорк Никс :

“Џереми одигра одлични 15-20 натпревари за нас. Тоа беа феноменални натпревари. Тој не врати назад во плеј-офот трката. Навистина сум му благодарен.“ 

0 comments:

Post a Comment