Home » , » Никси 2012/13 - најстариот тим во историјата на НБА лигата

Никси 2012/13 - најстариот тим во историјата на НБА лигата

Written By Anonymous on 5.10.12 | 19:16


Мајк Вудсон ќе има навистина интересна работа оваа сезона на клупата на Никси - да го води најстариот тим во историјата на НБА лигата.

На искусниот тим ќе им се придружат Пабло Приџони (35), Маркус Кемби (38), Џејсон Кид (39), Курт Томас (40) и Рашид Волас (38).

“Не е важно колку години имаме, важно е да знаеме да играме кошарка. Можеби ќе се случи да ни треба одмор некогаш, но ако организацијата не смета дека не можеме да играме не би не донесле овде.“ - вели Кемби.

Иначе просекот на годините на Никси, ако ростерот остане ваков на почетокот на новата сезона би бил 32 години и 240 дена. Предходно нормално најстар тим беа исто така Никси од 1997 година кој ги тренираше Џеф Ван Ганди.

0 comments:

Post a Comment