Home » , » Коби Брајант :“Дивац го измисли флопирањето“

Коби Брајант :“Дивац го измисли флопирањето“

Written By Anonymous on 5.10.12 | 19:08


Раководството на американската кошаркарска НБА лига доведе одлука во иднина да ги казнува сите играчи кој ќе флопираат, односно на наш јазик речено кој ќе глумат. Пошто овој потез стана се по популарен во текот на минатата сезона, челниците на НБА лигата со комесарот Дејвид Штерн донесоја одлука да казнуваат за флопирањето.

Играчите прво ќе бидат опоменати, а за секој нареден обид да изнудат фаул во напад ќе бидат казнети со 5000, 10000, 15000 и 30000 долари. Исто така секој 6 флопинг ќе биде санкциониран со отсуство

Интересно првата ѕвезда на ЛА Лејкерси и еден од најдобрите играчи во лигата кажува дека Владе Дивац го измислил ова.

“Владе Дивац е пионир на флопингот. Тоа го користеше во финалниот натпревар Сакраменто против Лејкерс и тоа во голема мера му успеваше да излезе на крај со Шек. Ми се допаѓа оваа одлука, бидејќи тоа не беше поштено.“ - објасни Коби Брајант.

Освен Дивац, Американците за флопингот ги накривуваат европските играчи, кој единствено така можат да излезат на крај со физичките подоминантни центари. Со тоа не се согласува италијанскиот играч Данило Галинари, играч на Денвер.

“Не знам зошто Европјаните се криви за флопингот. Не сум сигурен кој го измисли, но мислењата ни се дека сите максимално користат флопинг, како и ние од Европа, останатите странци и домашните играчи.“ - вели Галинари.


0 comments:

Post a Comment