Home » , » Орландо Меџик: 2012/2013 сезона

Орландо Меџик: 2012/2013 сезона

Written By Unknown on 5.10.12 | 20:08

Во првиот дел од минатат сезона, Орландо Меџик беше еден од топ 5-те тима на истокот. Двајт Хауард ги пружаше своите стандардни MVP бројки, а останатите играчи шутираа и постигнуваа тројки. Но, покрај тоа што фановите се радуваа за позитивниот рекорд и победите, тие беа толку многу загрижени за Двајт Хауард и неговото останување во тимот. Хауард и неговите агенти го притискаа таборот на Меџик за негов трејд во Нетси. Сето тоа спадна кога Двајт се одлучи да продолжи со Меџик некаде на крајот на Март и го продолжи договорот на уште една година. Потоа се случи повредата на Двајт Хауард, а рекордот на Орландо значително почна да опаѓа кон крајот на сезоната. Неговото отсуство резултираше со елеминација на Орландо Меџик од Индијана Пејсерс, во првата рунда од плеј-офот. Двајт Хауард повторно изјави дека е незадоволен од Стен Ван Ганди, а тренерот на Орландо Меџик веднаш беше отпуштен. Но, се покажа дека и тоа нема смисла, бидејќи само 2 месеци после тоа, Двајт Хауард беше трејдуван во ЛА Лејкерс, во трејд кој вклучуваше 4 тима. 

Орландо оваа сезона ќе оди по патот на Орландо Меџик. Ќе проба да биде катастрофален оваа сезона, да освои висок избор на НБА драфтот во 2013 година и потоа драстично да се подобри. Но, да не заборавиме. ДВАЈТ ХАУАРД ги напушти Орландо Меџик. Тој беше играчот виновен за тоа што тие беа помеѓу најдобрите дефанзивни тимови во лигата, а имаше и голем дел од нивниот напад. Постигнуваше многу поени. Не заборавајте ... го губат теоретски третиот најдобар играч во лигата. Тешко е да се прегради тимот после тоа. 
Значи, Двајт Хауард го нема од Орландо. Можеби еден од најнепромислените потези беше трејдот на младиот шутер Рајан Андерсон во Њу Орлеанс Хорнетс. Покрај овие двајца, Џејсон Ричардсон, Крис Духон и Ирл Кларк исто така си заминуваат од Орландо. 

Едно од позвучните имиња кој им се придружува на Орландо Меџик е Ерон Афлало. Солиден бек-шутер и одличен дефанзивец, а му биде поставена задача да биде поголем дел од нападот во Орландо, отколку што беше во Денвер. Преку овој трејд, Орландо ги доби и Ал Харингтон, Џош МекРобертс и Мо Харклис, а Густаво Ајон пристигна преку трејдот на Рајан Андерсон. Ендру Николсон е играчот кој се очекува да има солидна руки - сезона, бидејќи беше избран во првата рунда од овогодинешниот драфт, а може да биде и солидна замена за Двајт Хауард на центарската позиција.


3 клучни работи за Орландо Меџик во наредната 2012/13 сезона:

1) Кога ќе бидат трејдувани Хедо Туркоглу, Џ.Џ. Редик и Глен Дејвис ?
Орландо Меџик ќе бидат катастрофален тим следнава сезона. Прашање е само каков ќе биде конечниот исход. Тие сега ќе одат по веќе т.н. Оклахома Сити Тандер - модул на преградување на тимот, главно преку драфтот. Генералниот менаџер Роб Хенинген има добар план за нивната иднина и покрај тоа што беше многу критикуван за трејдот на Двајт Хауард.

2) Џамир Нелсон ќе мора да прарасне во првата опција на тимот.
Покрај сите промени на ростерот ова лето, Џамир Нелсон беше вратен во тимот со потпишување на 3 - годишен договор. Тој е моментално најдобриот офанзивен играч во овој тим, па ќе мора тоа и да го докаже. При крајот на минатата сезона, Џамир пружаше одлични бројки, но во поголемиот дел од сезоната неговите бројки беа под очекувањата. Светлото за Нелсон е зелено. Има голема предност во тоа што е плејмејкер, па може да се постави веднаш како опција број 1 на овој тим. 

3) Може ли Жак Воун да воспостави хемија помеѓу новите играчи ?
На крајот на краевите, важна работа е дали Ендру Николсон и Мо Харклис ќе се претворат во елементарни играчи во тимот на Орландо. Несомнено е дека Афлало ќе се вклопи во тимот, за тоа е докажан, па ќе мора да одигра како млад ветеран во тимот. Ќе мора да биде од голема помош на Џамир Нелсон, бидејќи овие се играчите кои ќе пробаат да не го посрамотат Орландо нареднава сезона.


Предвидувања:
Рекорд: 24-62. Ова е рекорд што ќе биде меѓу последните на истокот. Нема надежи за плеј-оф, но сепак останува на нив да одиграат солидно и барем да имаат мотивација за нешто. 

Стартна петорка: 
PG: Џамир Нелсон
SG: Ерон Афлало
SF: Хедо Туркоглу
PF: Ендру Николсон
C:  Глен Дејвис

МВП на тимот: Џамир Нелсон

0 comments:

Post a Comment