Home » , » Атланта Хокс: 2012/2013 сезона

Атланта Хокс: 2012/2013 сезона

Written By Unknown on 13.10.12 | 16:34

Минатата сезона беше уште една стандардна, класична сезона за Атланта Хокс. Импресивно беше тоа што успеаа да осигураат четврто место во источната конференција,  иако го изгубија Ал Хорфорд за поголем дел од сезоната. Со четвртото место на истокот ги добија Бостон Селтикс за противници во првата рунда, од кои лесно беа поразени со 4-2. Разочарувачки крај на сезоната, но влегувајќи во новата сезона, фановите на Атланта имаат неколку причини зошто да бидат возбудени.

Дени Фери ја превзеде позицијата на генерален менаџер во тимот и веднаш го трејдуваше 6 - кратниот Ол-Стар Џо Џонсон во Бруклин Нетс. Не дека не доби ништо во замена, но ниту замената не е солидна. Фери исто така го трејдуваше Марвин Вилијамс надвор од Атланта, а како слободни играчи си заминаа Џери Стекхаус, Вили Грин, Џејсон Колинс и Владимир Радмановиќ.

Во трејдот на Џонсон во Бруклин, Атланта ги доби Ентони Мороу ДеШон Стивенсон. Не доби многу Атланта од овој трејд, но активните потези во остатокот од летото беа клучни. 
Кајл Корвер ќе биде одличен шутер покрај Ентони Мороу на крилната позиција, играч кој дојде од Чикаго Булс. За Марвин Вилијамс Атланта доби замена во Девин Херис, играч кој ќе биде одлична замена за Џеф Тиг или пак стартер ако Тиг не ги исполни очекувањата. Ентони Толивер беше потпишан како слободен играч, а на истиот начин тимот се надополни со клучниот поентер - Лу Вилијамс.
Џон Џенкинс е исто така ветувачки млад играч, кој беше избор на овогодинешниот драфт на Хокси.


3 клучни работи за Атланта Хокс во наредната 2012/13 сезона:

1) Џеф Тиг мора да направи голем исчекор во својата игра.
Џеф Тиг е сосема друг играч кога ќе дојде време за плејоф натпревари. Последните 2 сезони и го докажата тоа. Тој игра на сосема поразлично ниво, погодува поголеми шутеви и покажува поголема агресивност во својата игра. Па, зошто тоа Тиг не би го направил и во текот на регуларната сезона. Факт е дека Тиг знае да потфрли многупати и да игра по методот на Расел Вестбрук (кога во одредени натпревари се уништува и себеси и тимот), но често знае и да одигра одлично. Тоа се вика нередовност. Тој дел од играта мора да биде среден од страна на Џеф Тиг и тој треба да ги прикажува своите препознатливи натпревар со повеќе редовност.

2) Дали Џош Смит е спремен за лидер ?
Џош Смит ќе игра сезона во која ќе се бори за продолжување на договорот. Тој е слободен играч наредното лето. Минатата година беше игнориран од Ол-Стар улогата, иако заслужуваше многу повеќе. Смит игра неверојато последниве 2 сезони. 
Без Џо Џонсон, ова е тим на Џош Смит. Ал Хорфорд и Џеф Тиг ќе играат исто така големи улоги, Лу Вилијамс ќе биде главниот офанзивен играч на овој тим, па преостанува на Џош Смит да направи голем исчекор во својата кариера, односно да стане лидер на овој тим.
И Џош Смит веќе мора да прекина да шутира од далечина. Тој може да биде доминантен играч во нискиот пост и тоа мора да го искористи.

3) Лери Дру мора да ја отвори офанзивата конечно.
Лери Дру има брз плејемејкер кој ќе привлекува внимание од одбраната со своите влезови и пасови. Има доминатни играчи во нискиот пост во Џош Смит и Ал Хорфорд. Има шутери од типот на Кајл Корвер, Ентони Мороу и Лу Вилијамс,
Тимот е сеуште заглавен во изолациската офанзива, што ја наметна Мајк Вудсон, кога тој манипулираше со Џо Џонсон во улога на изолатор. Лери Дру мора веќе еднаш да го смени тој стил на игра. Тимот има атлетичност и талент, и на Хокси им треба повеќе движење на топката. Нема играчи од типот на Коби Брајант и Кармело Ентони на овој тим, па затоа нема потреба од изолациска офанзива повеќе.
Овој тим може да оди нанапред толку колку Лери Дру ќе им дозволи. Палката за иднината на Атланта е во негови раце. 

Предвидувања:
43-39. Ова е рекорд што ќе им донесе место некаде околу 7-8 позиција на истокот, но сепак големи се шансите за овој тим да продолжи во пост-сезоната. Губитничка серија ќе ги води до победничка серија, а Лери Дру има доволно талент за да направи рекорд подобар од .500. 

Стартна петорка:
PG: Џеф Тиг/ Девин Херис
SG: Лу Вилијамс
SF: Кајл Корвер
PF: Џош Смит
C: Ал Хорфорд

МВП на тимот: Џош Смит

0 comments:

Post a Comment