Home » , » Детроит Пистонс: 2012/2013 сезона

Детроит Пистонс: 2012/2013 сезона

Written By Unknown on 3.10.12 | 18:36

Детроит Пистонс се во крајниот дел од преградувањето на тимот, а поради тоа неможете да очекувате рекорд подобар од 21-45 минатата сезона. Факт е дека лани не беа интересен тим за гледање, играјќи слаба одбрана, слаб напад, но имаа и неколку млади ѕвезди. Покрај тоа, немаа доволна експлозивност и доволна мотивација за победа воопшто. 

Полека но сигурно, ГМ на Пистонс Џо Думарс се ослободува од ветераните на тимот. Што е уште подобро, добива млади играчи во замена. Само како пример, Бен Гордон беше трејдуван во Шарлот Бобкетс, а за замена добија солиден дефанзивец и шутер во Кори Мекгеди. Бен Валас исто така мисли на пензија ... барем така изјави.

На голем ризик, Пистонс го одбраа Андре Драмонд со 9. пик на овогодинешниот драфт. Драмонд може да прерасне во вистинска центарска сила за нив, но може и лесно да падне под очекувањата и да биде жртва на НБА лигата. Како што споменавме, Кори Мекгеди беше доведен преку трејд од Шарлот Бобкетс, а покрај него на Пистонс им се придружија и младите Ким Инглиш, Крис Миделтон и Кајл Синглер.


3 клучни работи за Детроит Пистонс во наредната 2012/13 сезона:

1) Грег Монро ќе мора да продолжи да се подобрува.
Минатата година Грег Монро одигра одлична сезона, сезона во која направи голем исчекор нанапред. Сепак, беше потценуван многу. Монро имаше доста подобри бројки од Рој Хиберт (поени, скокови, процент на реализација), но сите повторно го гледаа и го ценеа центарот на Индијана. Зошто ? - Затоа што Индијана беше подобар тим и играта на Хиберт се трансформираше во победи за Пејсерс.
Затоа, Монро ќе мора да продолжи да се подобрува и можеби ќе прерасне во еден од најдобрите центри во лигата (ако веќе и не е на истокот, после Бајнам). 

2) Како Лоренс Френк ќе го склопи тимот со многу непотребни делови ?
Грег Монро можеби ќе поминува повеќе време на позицијата PF, бидејќи Френк ќе му дава повеќе време за развивање на играта на Андре Драмонд. Тоа значи дека Пистонс ќе го имаат можеби и највисокото центарско дуо во лигата, после ЛА Лејкерс. Но, колку што е добра таа работа, толку е и тешка да се воспостави и да проработа. 
Истото се случи и минатата сезона на бековските позиции, кога Френк мораше да го премести Родни Стаки на шутерската позиција, за Брендон Најт да игра стартен плејмејкер. 
Неколку такви слични ротации ќе мора да се направат и оваа година, но покрај стартната петорка и клупата на Детроит е полна со непотребни делови. Останува да видиме како тренерот ќе ја среди таа работа.

3) Дали Џо Думарс ќе го трејдува Тејшон Принс и ќе го скрати тимот од ветераните ?
Една лоша работа во преградувачкиот процес на Детроит Пистонс е тоа што пробува да изгради околу ветерани. Факт е дека повеќето ветерани си заминуваат и тие добиваат млад талент во замена, но има некои играчи како Тејшон Принс и Бев Валас кои константно стојат во ростерот на тимот. 
Доколку Пистонс планираат да се преградат со помош на драфтот, тогаш треба да одат по патот на Хјустон Рокетс и Орландо Меџик, ослободувајќи место со ветераните и добивање пикови на драфтот во замена. Исто така и маркетот на слободни агенти може да биде решение за Пистонс, бидејќи наредново лето има сериозни играчи на слбодниот маркет.

Предвидувања:
Рекорд: 34-48. Ова е рекорд што ќе им овозможи место во плеј-оф трката, но сепак тешка е конкуренцијата на истокот. Неможе да се вети плеј-оф, но има и теоретски шанси. 

Стартна петорка: 
PG: Брендон Најт
SG: Родни Стаки
SF: Тејшон Принс
PF: Грег Монро
C: Андре Драмонд

МВП на тимот: Грег Монро


0 comments:

Post a Comment