Home » , » Мајами Хит: 2012/2013 сезона

Мајами Хит: 2012/2013 сезона

Written By Unknown on 8.10.12 | 20:12

Минатата сезона беше шампионска година за екипата на Мајами Хит, предводена од MVP годината на ЛеБрон Џејмс. Мајами ја комплетираше целта што ја постави уште во 2010 година, кога се оформи Големата тројка од Бош, Џејмс и Вејд. Одиграа солидна сезона и завршија втори на истокот, веднаш позади Чикаго Булс. Во плејофот без позначителни проблеми ги прегазија Њу Јорк Никс во првата рунда, а првите проблеми стигнаа во втората рунда, против Индијана Пејсерс. Крис Бош беше недостапен по првиот натпревар, па мораше Вејд и Џејмс да стапат на сцена и да ги врата Мајами Хит од 1-2 негатива по 3 одиграни натпревари. Со 4 последователни победи на Мајами, сериите завршија со славје на Мајами од 4-2. Бостон исто така им зададе големи и неочекувани проблеми, а во еден момент имаа негатива од 2-3. Повторно следуваа супериорноста на ЛеБрон Џејмс и 2 последоватлни победи на Хит, за елеминација на Селтикси со конечни 4-3. Во големите НБА Финалиња ги очекуваше Оклахома Сити Тандер, екипа кој сјаеше во западната конференција. Овие серии за Мајами беа полесни дури и од претходните две плејоф рунди, бидејќи ги совладаа Оклахома со само еден изгубен натпревар, конечни 4-1. Во глобала, супер сезона.

Мајами Хит беше исклучително активна екипа во текот на летниот период. Не изгубија многу. Всушност не изгубија ништо. Рони Туриаф е единствениот поважен играч кој си замина. Срцето на тимот, што всушност го однесе до шампионска титула е назад и сите се спремни за новата сезона. 

Како што кажавме, никој важен играч не замина, а во Мајами дојде многу нов талент. Најдобриот шутер на тројки за сите времиња Реј Ален му се приклучи на тимот. Сите знаеме зошто на крајот ги одбра Мајами Хит, пред Бостон Селтикс... Рашард Луис исто така му се приклучи на тимот. Младите Џош Харелсон, Џастин Хамилтон и Герет Темпл исто така му се придружија на шампионскиот тим на Мајами. 


3 клучни работи за Мајами Хит во наредната 2012/13 сезона:

1) Може ли играчите во години доволно да консолидираат ?
Со оглед на тоа дека Мајами Хит игра екстемно брзо темпо на игра, постарите играчи како Реј Ален и Рашард Луис ќе мора да се прилагодат на таквиот стил на игра. Крис Бош е тотално адаптиран на центарската позиција, Двејн Вејд сеуште не е 100% заздравен од својата операција на коленото, зглобовите на Рел Ален исто така не се потполно здрави, така да ќе мора останатите играчи да го надополнат недостатокот на брзина на теренот. ЛеБрон Џејмс повторно ќе биде најдобриот плејмејкер на тимот, водејќи ја играта во многу ситации. Самиот факт ни дава до знаење дека и другите играчи се дури присилени да играат брзо темпо, со ЛеБрон Џејмс на плејмејкерската позиција. Затоа ќе мора да зачекаме да заздрави целиот тим, па да ги видиме повторно вистинските Мајами Хит.

2) ЛеБрон да продолжи да игра во истата форма од лани.
MVP на регуларната сезона, MVP на финалињата, MVP на ОИ во Лондон, НБА шампион, Златен медалист со репрезентацијата на САД на ОИ .... доволно е. ЛеБрон Џејмс одигра една од  најдоминантните сезони во историјата на НБА лигата. 
Понекогаш играчите како да подзабавуваат после освојување на НБА титулата, а за тоа имаме и доказ во Дирк Новицки минатата сезона. ЛеБрон Џејмс е далеку помлад од Новицки и на врвот од својата кариера, па се очекува само да продолжи да доминира. Секако, во тимот на Мајами не е единствениот играч кој знае како да победува, па тоа ја прави работата многу полесна за него, па и за сите останатите во тимот. Знаеме дека Џејмс е екстремно мотивиран за уште повеќе титули, а со помош на мотивацијата и победите, патот до нова НБА круна сам ќе излезе. Очекуваме уште една MVP сезона на Џејмс, а да се надеваме дека конкуренцијата ќе биде уште поголема.

3) Шутерите мора да останат ''жешки''. 
Шејн Батие никогаш не шутирал висок процент на тројки во својата кариера, но сепак ги уништи Оклахома и Бостон во минатогодишниот плејоф. Мајк Милер се распаѓа и физички и психички, но сепак им даде 8 тројки на Тандер во Финалињата. 
Четирите примарни шутери на Мајами: Милер, Ален, Батие и Луис се сите над 30 години. Ален има значителни проблеми со повреди, а Луис не одиграл ефикасна сезона од 2009 година. Што значи, Марио Чалмерс ќе биде освежувањето меѓу овие 4 ветерани. Чалмерс само ќе се подобрува во остатокот од својата млада кариера, а ќе биде и солидна замена на теренот кога на Големата тројка ќе и недостасува клучност. Својата клучност Чалмерс повеќе пати ја докажа во текот на Финалињата со Оклахома Сити Тандер.

Предвидувања: 
Рекорд: 60-22. Ова е рекорд што според сите предвидувања ќе биде број 1 на истокот, а со Чикаго Булс надвор од конкуренција, нема ништо што би ги запрело Мајами Хит за прв пат да завршат на врвот на источната конференција по формирањето на Големата тројка.

Стартна петорка: 
PG: Марио Чалмерс
SG: Двејн Вејд
SF: ЛеБрон Џејмс
PF: Шејн Батие
C: Крис Бош

MVP на тимот: ЛеБрон Џејмс

0 comments:

Post a Comment