Home » , » Чикаго соопшти дека ќе продолжи уште 4 години со Тибедоу

Чикаго соопшти дека ќе продолжи уште 4 години со Тибедоу

Written By Unknown on 1.10.12 | 23:27

Генералниот менаџер на Чикаго Булс Гер Форман на денот за медиумите и почетокот на тренинг - кампот на Чикаго Булс изјави дека Том Тибедоу наскоро ќе потпише 4 - годишен договор со тимот.

Знаевме дека ова ќе се случи, а прашањето беше само кога и колку ќе биде платен. Бидејќи ова мораше да се случи.

Том Тибедоу е идентитетот на Чикаго Булс моментално. Неговата одбрана ги направи најдобриот тим на истокот последниве 2 години и не смееше да се случи тој да си замине од Чикаго.

Плус, Дерик Роуз го сака Тибедоу. Една од причините да се задржи својата ѕвезда среќна е да го продлжат договорот со него, т.е. да му ја исполнат желбата на Роуз.

0 comments:

Post a Comment