Home » , » Коби Брајант под знак прашалинк за првиот натпревар на Лејкерс вечерва

Коби Брајант под знак прашалинк за првиот натпревар на Лејкерс вечерва

Written By Unknown on 30.10.12 | 19:13

Зборуваме за Коби Брајант ? Кога ќе го поврзете неговото име со повредите, мене тоа веднаш ме асоцира на Црниот Витез од британскиот серијал „Монти Пајтон“. Сепак, неговиот статус за можноста да игра на вечерашниот натпревари против Далас Маверикс е под знак прашалинк. 

Еве што велат од ЛА Лејкерс на социјалната мрежа „Twitter“:


или во превод:

“Коби Брајант ќе биде под знак прашалник се до почетокот на вечерашниот натпревар против Далас Маверикс, според тренерот Мајк Браун.“

Потоа Коби веднаш постираше на својот „Facebook“ профил за својата повреда и статусот пред почетокот на натпреварот.

Да се надеваме дека „Црната Мамба“ ќе заигра на натпреварот против Далас и дека токму на првиот натпревар на Лејкерс во новата сезона ќе ја видиме во потполна форма Големата четворка на "езерџиите". Бидете во тек со нашата страна се до почетокот на натпреварот, за да ве известиме конечно дали Коби ќе игра или нема да игра.

0 comments:

Post a Comment