Гласините се ширеа со денови и денови. Прво беше суспендиран, потоа и отуштен па вратен и сега Делонте Вест и официјално е отпуштен од тимот на Далас Маверикс.
Делонте Вест одигра само една сезона со Далас Маверикс, лани, сезона во која бележе 9.6 поени и 3.2 асистенции во 44 натпревари, а на 33 од нив беше стартер. Овој потег од таборот на Маверикс дојде поради испадот во соблекувалната после еден претсезонски натпревар, потег поради кој подоцна беше суспендиран. Сега Далас има ростер со 15 играчи, што е линија на нормала во сите ростери низ НБА лигата.
Сега во Лејкерс остануваат двајца играчи без договори: Роберт Сакре и Дариус Џонсон - Одом. Сакре по се изгледа ќе остане во тимот и ќе биде измена за Двајт Хауард.
Додека пак изненадување беше во Орландо, кога го отпуштија Квентон Ричардсон кој требаше да заработи 5 милиони долари нареднава сезона. Ваквиот потег го направија се со цел да го задржат нивниот најатлетски играч Декван Џоунс. Тие исто така го отпуштија Џастин Харпер и крилото Крис Џонсон, за да направат место за Декван Џонс - недрафтуваниот играч, експлозивно крило кое знае да игра добра одбрана.
“Во текот на целата претсезона, ние истражувавме и се решивме дека финансиски ќе мора да донесеме одлуки кој ке влијаат врз тимот. И ние се сложивме дека тоа е најдоброто решение за целата наша организација која што ќе има еден нов почеток.“ - изјави Генералниот Менаџер на Орландо Роб Хениган.
Во ова решение на Меџик има смисла. Тие се во целосна трансформација на тимот и Ричардсон не е во нивниот план за во иднина, додека Џоунс можеби ќе биде. Имаат време да дознаат и да чекаат Џоунс да се развие. Единствената работа што ѓи чинеше беа парите што требаше да ги платат: 2,6 милиони оваа година и 2.8 милиони наредната година но сепак изгледа како добар потег. Меџик оваа сезона сигурно ќе бидат еден од најслабите тимови, но тоа е тактиката и планот кој ќе го кројат долгорочно.
0 comments:
Post a Comment