Следува токму првата ноќ со НБА акција, исполнета ноќ со дерби натпревари на истокот и на западот. Бостон Селтикс и Мајами Хит ќе се сретнат во дербито на источната конференција, додека ЛА Лејкерс и Далас Маверикс ќе ги измерат силите за прв пат сезонава во дербито на западната конференција.
02:00
Ова е средбата на вечерта според многумина. Реј Ален премина во Мајами Хит летово, а сега дојде време токму тој да си ги измери силите против своите поранешни пријатели - а сега крвни противници, ветераните од Бостон Селтикс. Сепак, Реј-Реј ќе има предност што ќе игра на новиот домашен терен, во Американ Еирлајнс центарот во Мајами, но тоа не треба да значи голема предност, бидејќи Селткси се гладни за реванш и победа против Мајами уште од изминативе финалиња на истокот во плејофот.
Да ги трнеме настрана сите желби за одмазда, ривалства и останати фактори, ова ќе биде натпревар за превласт во истокот. Се очекува овие две екипи да бидат на врвот на истокот, па секоја меѓусебна пресметка ќе биде од голема важност. ЛеБрон, Вејд и Бош влегуваат во својата трета заедничка година, година во која што би требало да го извадат максимумот од Големата Тројка. Кај Селтикс пак, Рондо преминува во нов млад лидер на тимот и фактички претставува тренер на паркетот и покрај останатите ветерани како Пирс, Гарнет и Тери. Од Рондо се очекува многу следнава сезона, па би било пожелно тие очекувања да ги започне уште вечерва. Без разлика на крајниот епилог од овој меч, очекуваме страшна битка.
Останатите натпревари:
01:00
04:30
Стриминзи за следење на овие натпревари ќе пронајдете на овој линк.
0 comments:
Post a Comment