Home » , » Џру Холидеј вели дека Филаделфија може да претендира за титула

Џру Холидеј вели дека Филаделфија може да претендира за титула

Written By Unknown on 12.10.12 | 22:50

Филаделфија СевентиСиксерс направија голема замена ова лето, давајќи го Ол-Стар крилото Андре Игуадала за центарот Ендру Бајнам. И додека Бајнам ќе биде новиот лидер на овој тим и играчот клучен за нивните успеси, исто така и Џру Холидеј ќе бара лидерска позиција во овој тим. Откако беше селектиран со 17. пик на драфтот во 2009 година, Холидеј се подобруваше од сезона - на сезона и им помогна на Сиксерс да стигнат до две последователни плејоф настапи. Во 2010/11 изгубија во првата рунда, додека сосема солиден плејоф одиграа изминатава 2012/13 сезона, каде што стигнаа до конференциските полуфиналиња и го принудија Бостон да одигра 7 натпревари со нив. Џру Холидеј гледа простор за поголем напредок на својот тим и поголем успех во иднина.

Од страна на „Hoopsworld“ беше запрашан дали Филаделфија со овој ростер може да прерасне во претендент за титулата, еве што одговори:

“Секако дека да. Тоа дефинитвно ќе биде случајот оваа сезона, бидејќи луѓето видоа во што се престори овој тим минатата сезона. Играчите што ги додадовме ова лето го пополнуваат баш она што го баравме и тие се одлични соиграчи во иднина.“ - изјави Холидеј.

“Мислам дека парчињата што ги додадовме ова лето навистина ќе не качат на повисоко ниво, особено со шутерите кои што сега ги имаме. Се мачевме да постигнеме поени минатата година, но мислам дека тоа нема да се случи оваа година. Плус, сега имаме и центар кој е меѓу најдобрите на својата позиција. Мислам дека сме на прав пат.“

Оваа година е година од која ќе зависи договорот на Џру Холидеј. Тој оваа сезона го завршува договорот со Сиксерс и од тоа како ќе перформира ќе зависи дали Филаделфија ќе се одлучи да продолжи да соработува со него. Како и да е, мали се шансите Холидеј да не продолжи со Сиксерс, бидејќи нивото на кое играше само минатата сезона кажува многу работи. Останува да видиме колку мотивиран за игра ќе биде оваа сезона, па да видиме и колку ќе биде платен во евентуалниот нов договор.

0 comments:

Post a Comment