Home » , » Спарси го освојуваат Хјустон, Мемфис победува на домашен терен

Спарси го освојуваат Хјустон, Мемфис победува на домашен терен

Written By Unknown on 15.10.12 | 11:52

Вчера се одиграаа 2 претсезонски натпревари во НБА лигата, а Сан Антонио Спарс и Мемфис Гризлис забележаа победи на гостински, односно домашен терен.

Спарси славеа лесно во Хјустон со конечни 116-107 над Рокетс, додека Грег Попович повторно експериментираше со своите млади играчи. Поради тоа, Весли Витерспун одигра 28 минути како стартер на крилната позиција и постигна најмногу од сите - 17 поени. Дени Грин во 20 минути на теренот постигна 15 поени и 3 асистенции. Одличен натпревар од клупата одигра Дежуан Блер, кој уфрли 16 поени (7-9 од поле) и имаше 6 скока.
Кај домаќините од Хјустон, дебитантот Донатас Мотиенхас беше најефикасен, постигнувајќи 16 поени и 8 скока од клупата. Од стартерите, најдобар беше Омер Ашик со 13 поени, 11 скока и 5 асистенции.

Мемфис Гризлис исто така забележаа победа синоќа против Атланта Хокс, со конечни 110-102.  Марк Гасол имаше 17 поени на овој дуел, додека Зек Рендолф одира ефикасен натпревар со 14 поени, 10 скока и 3 асистенции. Само еден играч во ротацијата на Лајонел Холинс не успеа да постигне поени на овој натпревар, додека сите останати постигнаа по барем 2 поени.
Ал Хорфорд ги одигра своите 26 минути од клупата на овој натпревар и беше најефикасен со 13 поени и 5 скока. Од стартерите, Кајл Корвер имаше најмногу, 11 поени.

0 comments:

Post a Comment