Home » , » Дирк на опрација ? Лоша вест за навивачите на Далас

Дирк на опрација ? Лоша вест за навивачите на Далас

Written By Anonymous on 16.10.12 | 15:15


Дирк Новицки не играше во понеделникот, но сеуште нема планови за операција

Тој зборуваше со медиумите и изјави дека не планира да оди на операција.

“Јас правам се што е можно да не одам на операција. Верувам дека тоа во моментот не ми е потребно. Јас би сакал да ја направам после сезоната, а оваа сезона да ја играм без операција.“ - изјави Новицки.

Дали се чувствува дека тој го одложува неизбежното? Тој го направи тоа лани и се чувствуваше добро, но оваа сезона е поинаку. Ќе видеме, но Маверикс ќе бидат во борба да го изгубат плејоф местото во Западната конференција оваа сезона, доколку тој биде надвор од терените подолго време.

Дирк Новицки не играше во понеделникот. Гледајќи го во оваа претсезона како се бори со болките во коленото не е зачудувачки факт.

Тренерот Рик Карлајл исто така изјави дека Дирк нема да може да го игра натпреварот против Хјустон, во кој Далас победија.

Потоа репортерите му поставуваа повеќе прашања на помошниот тренер што ќе прави ако Дирк отсуствува подолг период надвор од терените.

“Тоа прашање може да се реши на различни начини. Најпрво од се да не брзаме и да не вршиме притисок непотребно. И потоа секако, има многу начини со кој може да се справиме со тоа. Но вечерва не е потребно да се разговара околу тоа“.


0 comments:

Post a Comment