Знаеме дека Коби Брајант има посериозно проблеми со стапалото и дека сериозноста стигна до граница да тој не заигра на ниту еден останат претсезонски натпревар, но колку повеќе сериозна е таа повреда ?
Според нови извори, Коби Брајант би можел да го пропушти дури и стартот на новата сезона, која е само 5 дена оддалечена од нас.
Тренерот на Лејкерс Мајк Браун изјави дека Коби Брајант ќе ги пропушти останатите претсезонски натпревари со цел да го надмине проблемот со стапалото и да настапи на првиот ново - сезонски натпревар за Лејкерс против Далас Маверикс наредниот четврток.
Факт е дека Лејкерс ги имаат и Пау Гасол, Стив Неш и Двајт Хауард покрај Коби Брајант, талент што би можел да совлада доста останати противници, но Коби едноставно не сака да пропушта натпревари, тој сака да биде секој натпревар на теренот и да се натпреварува. Градењето на тимска хемија сега е важна работа за Лејкерс, со оглед дека овој тим не помина многу време заедно во претсезонските егзибиции, а Коби секако е важен дел од овој тим и во градењето на тимската хемија.
0 comments:
Post a Comment